• Latest

Антиваксерката Слаѓана Велков, (надри)лекарката којашто рече дека нема Ковид, „заработила“ кривична во Србија за ширење страв и паника

August 24, 2021

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Антиваксерката Слаѓана Велков, (надри)лекарката којашто рече дека нема Ковид, „заработила“ кривична во Србија за ширење страв и паника

August 24, 2021 16:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

На третиот антиваксерски протест одржан во Скопје на присутните им се обрати антиваксерка која се претстави дека е лекар и рече: Вирус не постои! Нема Ковид! Фокус објави дека станува збор за веќе „познатата“ антиваксерка Слаѓана Велков. Контроверзната лекарка е позната и во Србија, кога пред три години се најде во медиумите, откако група од 270 родители на чело со двајца лекари поднесоа кривична пријава против неа поради предизвикување на паника и неред, во Првиот основен суд во Белград, но и против уште околу 40 други лица кои биле против вакцинација на деца, во време на епидемијата на морбили, пренесува Fronline.mk .

Велков на социјалните мрежи има стотина илјади следбеници и со години води кампања против вакцинацијата.

Верува со самоизлекување преку исхрана, веганство, и објавува непоткрепени контроверзни ставови кои во повеќе наврати од сервисите за проверка на факти биле препознаени како дезинформации.

По професија сум доктор по медицина, студирав во Ниш и Скопје, каде и дипломирав на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, диплома број 8280. Дипломата официјално ми е призната во Македонија, Србија, Кувајт и Саудиска Арабија. Во Србија имам нострификација на дипломата и потврда за положен државен испит под број 152-02-250/2001-02, што тогаш беше и лиценца за работа. Моментално не работам во Србија и не ја обновувам лиценцата – наведено е во отвореното писмо на Велков, објавено во 2018 година во српскиот медиум Блиц.рс.

Во една постара вест која датира од 2015 година, објавена на Сител, се вели дека македонска надрилекарка е под истрага затоа што нудела белило како лек за деца.

„Според српски Блиц во Јавното обвинителство и во полицијата се пријавиле десет лица кои ја обвинуваат Слаѓана Велков за шарлатанство и лажно претставување.

Обвинителството за високо – технолошки криминал започнало со постапка против самопрогласената  лекарка и ќе им наложат на вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Тие ќе го проверат, а исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која што таа ја поседува во од Македонија.

– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за „Блиц” запознаен со податоците од истрагата“, се вели во текстот објавен на Сител во 2015 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ