Најавениот протест за денес од страна на струмичките угостители, не се одржа. Иако во нивното соопштение стоеше дека од 11 до 13 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе ги блокираат улиците, но и влезовите на градот, во Струмица на улица денес нив ги немаше.
Не успеавме да ја дознаеме причината поради што се повлекоа и не останаа доследни на повикот за протест, некои во телефонски разговор посочија дека еден по еден почнале да се откажуваат од намерата да ги затворат локалите и да излезат на протест.
Угостителите во известувањето конкретизираа дека во овие години трпат најголеми последици од кризата и дека е време Владата да донесе нови мерки што ќе бидат и во нивна корист. Децидни беа дека ги бараат претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани .
Засега нема нови најави дека оваа фела ќе се излезе на протест или ќе ги затворат локалите во знак на незадоволство од веќе донесените владини мерки, пренесува Канал Вис-Струмица.












