• Latest

Од 1 септември влез во училиштата само со мерење температура, носење маски и дезинфекција

August 30, 2021
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Од 1 септември влез во училиштата само со мерење температура, носење маски и дезинфекција

August 30, 2021 16:09
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Училиштата се подготвуваат за почеток на учебната година од 1 септември со физичко присуство на ученици, и за спроведување на препораките кои ги налагаат строгите протоколи за заштита од КОВИД 19 за безбедно одвивање на наставната програма.

На учениците при влезот во училиштето ќе им биде мерена температура со бесконтактен термометар, и доколку е повисока од 37, 4 степени тогаш нема да им биде дозволен влез во училиштето. Истото важи и за вработените во училиштето.

Влез во училиштето ќе биде дозволен само со заштитна маска и по дезинфекција на рацете за сите ученици и вработени во училиштето.

На влезот во училиштата, во училниците и другите простории треба да се постават средства за дезинфекција, заедно со едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.

„Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за сите учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да носат маски, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето“, стои во протоколот на МОН.

Во протоколот се наведува дека се забранува  влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително носење на заштитна маска. Забранети се и сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.

За контролиран влез и излез од училиштата пак, пред и внатре во училиштата треба да се организира редарска служба, со цел задолжително да се спроведе дезинфекција и носење заштитни маски и одржување на потребното растојание, се додава во протоколот.

Учениците од една паралелка е предвидено да претстојуваат во една просторија, без можност за мешање на ученици од различни паралелки во иста училница.

Според протоколот за следење настава со физичко присуство, наставниот час ќе трае 40 минути. Малиот одмор се користи во траење од 5 минути меѓу часовите и голем одмор во траење од 15 до 20 минути. За време на одморите потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците.

Задолжително е проветрување на  просториите  после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час., а по излегувањето на едната група ученици, задолжително се проветрува просторијата и се врши дезинфекција , по што се дозволува влез на втората група на ученици.

Употребата на тоалетите во училиштата се предвидува да се организира со присуство на помал број ученици и со запазена дистанца, односно, доколку тоалетот е помал, протоколот предвидува дека ученикот треба да почека надвор од тоалетот, додека излезе ученикот кој го користи тоалетот.

Доколку во училиштето се појави заболен од коронавирусот или лице кои имало контакт со лице заболено од вирусот, тогаш според протоколот на МОН, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот е предвидено да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје.

Доколку ученик развие симптоми на коронавирус додека е во училиште, наставникот или стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење заштитна маска и веднаш ги известува родителите или старателите, кои треба во најкратко време да го земат детето со консултација и понатамошни активности со матичниот лекар.

Ова  е дел од протоколот за постапување на средните и основните училишта за непречена реализација на воспитно-образовниот систем по одлуката на Влада за  почеток на претстојната учебна година со физичко присуство со полн капацитет. Како алтернатива постојат две дополнителни сценарија, односно, преминување целосно на онлајн настава или комбинирана настава, доколку дојде до промена на состојбата со епидемијата.

Поради влошената состојба со епидемијата во полошкиот регион, Комисијата за заразни болести донесе одлука средните училишта во Тетово и Гостивар во првите две недели да започнат со онлајн настава, додека основните училишта со физичко присуство. Состојбата ќе се следи внимателно, и за секоја промена, во зависност од ситуацијата, ќе се разгледува дали има потреба од дополнителни мерки.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ