• Latest

Филипче: Трендот на намалување на новозаразени трае веќе неколку дена

August 31, 2021
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Трендот на намалување на новозаразени трае веќе неколку дена

August 31, 2021 17:25
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во државата има вкупно хоспитализирани околу 1000 пациенти. Најоптоварени и понатаму се болниците во Тетово, Гостивар, делумно во Кичево, Струга и Охрид, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ние обезбедуваме болнички кревети за сите пациенти. Тоа го правиме по системот на ротација. Имено, и тука во Скопје, се отворија дополнителни ковид-центри, од вчера и на интерните клиники. Имаме секојдневна консултација со директорите и согласно расположливиот кадар, лекари и медицински сестри, се отвораат овие дополнителни центри, соопшти Филипче.

Клиника за инфективни болести – Скопје

Во однос на возрасната група на пациентите, најзастапени се оние над 60 години, а најмал процент е на малите деца.

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Од нив, над 73 проценти имаат хронични заболувања.

Тоа што се забележува е дека долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат на лекар многу доцна, со лоши параметри, многу ниска сатурација, вели Филипче, додавајќи дека пациентите се лекуваат според протокол и не се точни информациите дека нема протоколи за лекување.

Тој потенцира дека клучен фактор во борбата против Ковид-19 е вакцинацијата.

Бројот на починати лица кои се вакцинирани е навистина многу мал што ја докажува ефикасноста на вакцината, а тоа е дека таа 20 пати го намалува ризикот од смрт. Голем дел од починатите пациенти имаат придружни болести, како карцином, нерегулиран дијабетес, срцеви заболувања, биле подложени на повеќе хируршки интервенции, потенцира Филипче.

Во однос на вакцинацијата, министерот рече дека пристапот кој го има Владата е многу успешен и тоа го докажуваат бројките.

Имаме најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Со една доза е вакцинирано 43 проценти од полнолетното население. Од него, 28 отсто од 18 до 39 години, 52 проценти над 40 години, со зголемување на возрасните категории расте и опфатот на вакцинацијата. Околу 73 проценти се вакцинирани граѓаните над 70 години. Има разлика и во опфатот на вакцинацијата по градови. Највисок процент на вакцинирани има во Охрид, Кавадарци, Неготино, Ресен. Во Гостивар тој процент е прилично низок, околу 20 отсто, а најголем раст има во Тетово, каде изминатиов период порасна за 15 проценти, соопшти министерот за здравство.

Тој рече дека бројките ја потврдуваат ефикасноста на вакцините, оти болниците се преполни со невакцинирани население.

Во однос на учебната година, која утре почнува со физичко присуство на учениците, со исклучоци донесени врз база на оптовареноста на болничките капацитети во Тетово и Гостивар, каде наставата ќе почне онлајн.

Трендот на намалување на новозаразени трае веќе неколку дена. Р0(ер нула)-Факторот на преносливост е веќе под еден, односно 0,9. Од искуството од претходните бранови, во период од една недела до 10 дена, најпрво предничи падот на Р0 факторот потоа вкупниот број на новодијагностицирани. Што значи, согласно претходното искуство, можеме да очекуваме да продолжи трендот на намалување на новозаразени, истакна Филипче.

Тој рече дека бројот на нови случаи денеска е околу 800.

Тој истакна дека деновиве имало многу реакции на загрижени граѓани загрижени бараат наставата да биде онлајн, и како, што рече, подготвени се да дадат и други препораки доколку состојбата се влошува. Филипче вели дека во Министерството за образование подготвени се сите други сценарија ако се влоши состојбата, но се надева дека до тоа нема да дојде.

Претходната учебна година покажа дека меѓу учениците кои посетуваа настава со физичко присуство, немаше голема трансмисија, нагласи Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ