• Latest

Забрчанец: Владите имаат должност да објавуваат и да промовираат точни информации, тоа е одговорот за дезинформациите 

September 2, 2021
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Забрчанец: Владите имаат должност да објавуваат и да промовираат точни информации, тоа е одговорот за дезинформациите 

September 2, 2021 20:09
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратешки комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на панелот „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“, во рамки на Бледскиот стратегиски форум кој оваа година беше посветен на „Иднината на Европа“.

Забрчанец информираше дека нашата земја беше изложена на дезинформации кои во одредени периоди добиваа на интензитет какви што беа во случаите со уставните промени и референдумот, договорот од Преспа, изборните периоди и за време на целиот период на спроведување на реформските процеси во земјата.

Според него, ширењето на дезинформации е постојано нагласено и во однос на мигрантските кризи, особено во последниот период во однос на кризата во Авганистан и со бегалците од оваа земја како хуманитарната криза.

Лажните вести и дезинформации, потенцираше Забрчанец, беа и сѐ уште се активни кога е во прашање пандемијата со КОВИД-19 и особено во актуелниот период кога во земјата се спроведува масовната вакцинација која се опструира со дезинформации.

-Дезинформациите и лажните вести се сериозна закана за демократијата и демократските процеси и за справување со овие појави Владата на Република Северна Македонија креираше акциски план со насоки за препознавање и за демистификација и ги покани сите засегнати страни да се вклучат во постојаното усовршување на планот за успешна и ефикасна борба против дезинформациите, истакна Забрчанец.

Тој посебно нагласи дека во борбата со дезинформациите е неопходна проактивност и активна транспарентност наместо само реактивна и дефанзивна стратегија заради фактот што на тој начин оние што ги продуцираат лажните информации ќе бидат постојано во предност.

-Треба да создадеме услови за промена на играта. Владите, граѓанските и меѓународните организации кои се обединети во заедничката борба против дезинформациите, наместо да живеат во страв, треба да бидат проактивни во промоцијата на демократските вредности и со активна транспарентност да ги елиминираат влијанијата на дезинформациите. Кога граѓаните ги имаат на увид сите факти, на креаторите на дезинформации ќе им биде многу потешко да манипулираат. Тие информации најтранспарентно треба да се обезбедат, да се продуцираат, да се публикуваат и промовираат“, потенцираше Забрчанец и додаде дека со дополнителна интензивна меѓусекторска соработка, како и со стратегиска програма за медиумска писменост се создаваат услови за заедничка и ефикасна промоција на демократските вредности како противтежа на дезинформациите.

Националниот координатор за стратешки комуникации во Владата нагласи и дека се од исклучителна важност соработката и вмрежувањето за споделување искуства и за дефинирање на клучните заеднички активности за борба против дезинформациите меѓу сите засегнати страни во земјата, но и во регионот,

Во завршницата на панелот Забрчанец рече дека информациската војна меѓу поддржувачите и противниците на демократијата ќе ја добијат оние кои имаат јасен концепт и јасна визија за иднината и за развојот на општеството.

Панелот си постави за цел да одговори што прави ЕУ на темата борба против дезинформациите, како со оваа појава се справуваат одделните држави и граѓанските организации и како борбата против дезинформациите со информации и обезбедување безбедност преку факти рефлектира на иднината на Европа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ