• Latest

Порталб: Многу ветувања, но без вистинско решение за дивата депонија во Струга

September 5, 2021

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Порталб: Многу ветувања, но без вистинско решение за дивата депонија во Струга

September 5, 2021 12:32
in ЗЕЛЕНИ, КОНТЕКСТ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема решение за дивата депонија во Струга. Со години депонијата, која се наоѓа на неколку километри од градот, е црна точка на градот. На локалните избори во 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, вети дека ќе го реши овој проблем со изградба на регионална депонија за општините од југозападниот регион во земјата. Меѓутоа, реалноста е поинаква, регионалната депонија не е изградена, а отпадот и понатаму се собира на истата локација, пишува Порталб.мк.

Дивата депонија во Струга и понатаму е активна иако нејзиното затворање или релокација беше едно од главните ветувања на градоначалникот Мерко. Во изборната програма „За Општината што ја посакуваме“ за локалните избори во 2017 година, Мерко вети: Изградба на регионална депонија за девет општини од Југозападниот регион.

На 14 јули 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, тогашен министер без ресор, запрашан од медиумите за решение на проблемот со депонијата, изјави:

Имаме помош и од актуелната Влада, со која пред една недела го започнавме тендерот за набавка на машини за пресување, со кои се предвидени и четири контејнери во кои ќе се товари отпадот и ќе се транспортира до Дрисла во Скопје. Обезбедени се возила за превоз и верувам дека до мај ќе имаме собирно место каде што ќе се товарат.

По победата на локалните избори, на 19.12.2017 година, на прашање на „Порталб.мк“ за ветувањата во неговиот мандат, во врска со депонијата како градоначалник на Струга, тој изјави:

Еден од главните проблеми што оваа општина ги имаше во последниот период беше депонијата, која се запали и предизвика вознемиреност, загриженост и гнев кај жителите. Загадувањето на воздухот од палењето на депонијата предизвика револт кај жителите кои на различни начини го кренаа гласот и бараа одговорност од општината и итно решавање на проблемот.

Рамиз Мерко говори за решение на проблемот со дивата депонија и во интервју за Вистиномер.мк (Vërtetmatësi.mk) во 2018 година.

„Направивме тендер за создавање на пункт за собирање и товарање на отпадот, кој потоа ќе биде транспортиран до Дрисла. Сега направивме точка за товарање и средување на постојната депонија. Сé што ќе се собере отсега ќе биде проследено на друго место”, изјави Рамиз Мерко. (Минута 3)

Регионалната депонија за југозападниот регион (вклучително и Струга) не е изградена. Активистите велат дека, освен зборови, во реалноста нема иницијатива за изградба на регионална депонија, додека екологистите ја истакнуваат загриженоста дека дивата депонија, освен што го труе воздухот што го дишат граѓаните, ја оштетува и плодната почва во овој регион.

„Струшката депонија не ги исполнува стандардите, всушност е незаконска. Се наоѓа многу блиску до населени населби, на плодно земјиште и во сливот на реката Црн Дрим и Охридското Езеро. Депонијата не исполнува никакви услови утврдени со закон“, изјави Глигор Ќато од иницијативата „Доста“.

Од друга страна, за пренесување на отпадот на друга локација не е преземено ништо, додека во струшката дива депонија секој ден се фрлаат околу 10-15 тони различен отпад. Пред 3 години во Струга беше изградена трансфер станица каде што отпадот требаше да се пресува, селектира, а потоа да се транспортира надвор од регионот, но веќе 3 години станицата не работи иако се потрошени околу 340 илјади евра.

Нови ветувања за изградба на регионална депонија

Дивата депонија во Струга го загадува воздухот со години, но проблемот стана поалармантен кога во април 2017 година беше запален отпадот, при што се ширеше чад кој ги труеше граѓаните. На крајот на јули 2017 година, Владата на Македонија донесе одлука за решавање на проблемот на краток рок, во соработка со општинските власти. Според одлуката, Владата обезбеди 200.000 евра, пари наменети за пресување на отпадот, додека општината беше должна да купи камион по цена од 30.000 евра за превоз на отпадот до депонијата „Дрисла“ во Скопје. Сите овие одлуки и ветувања останаа само на хартија, на терен никогаш не беше преземен конкретен чекор за да се стави крај на труењето на граѓаните. Значи, ниту отпадот се пренесуваше од Струга во Скопје, ниту е направено некое привремено решение на проблемот, ниту е изградена регионална депонија.

Според новите ветувања на Владата, регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион, која треба да се изгради во општина Новаци-Битола, и се очекува изградбата да започне во втората половина на 2022 година. Но, ова ќе се случи само ако Европската банка за обнова и развој го одобри заемот, за кој Владата веќе аплицираше, велат од Министерството за животна средина.

„Бараме заем од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за сите пет плански региони во вкупен износ од 55 милиони евра. 22 милиони од нив се наменети за регионална депонија за Југозападниот регион и Пелагонија“, рекоа од Министерството за животна средина за ТВ Алсат.

Извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ