• Latest
Добро утро со Орданоски

Данке Дојчланд за „мама Меркел“!

September 15, 2021
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Данке Дојчланд за „мама Меркел“!

Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа

September 15, 2021 07:05
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Завршната турнеја на Ангела Меркел на Балканот, со бирање на Белград и Тирана како места за значајни политички владини и невладини средби – веројатно тој „прелет“ од Србија и Албанија преку Косово е пораката што германската канцеларка на заминување сака да ја испрати за затворањето на најгорливото статусно регионално прашање – е голем гест на еден од најважните светски политичари на современата европска и глобална политика. Во целиот свој речиси дводецениски канцеларски мандат, Меркел со посветеност ги следеше случувањата на Балканот, во својот препознатлив, „пригушен“ лидерски манир: без многу сликања и снимања, без ексклузивитети и паради, но со време и трпение да ги ислуша сите разумни страни во споровите за недоразбирањата што ги брануваа регионалните политички и општествени „води“.

Дури и кога Германците спроведуваа „дипломатски офанзиви“ кон регионот – на пример, да не заборавиме, антологиска е посетата на Меркел на Скопје во септември 2018 година, пред овдешното референдумско изјаснување за Преспанскиот договор – тоа никогаш не биле спектакли во стилот на „американската коњица“ или руското подземно и надземно ’ржење. Но, пораките биле јасни и конструктивни, со почитување на локалните фактори како двигатели на регионалните собитија.

Таа нејзина посветеност кон Балканот се покажа како исклучително важен пристап, бидејќи европската и светската политика во минатава деценија поминаа низ толку стресови и турбуленции, што да не беше канцеларката Меркел на важната лидерска сцена во светот, Балканот сигурно ќе беше многу почесто и многу повеќе потпикнуван „под тепихот“ на континенталната политика. Од неа потекна и „Берлинскиот процес“ во 2014 година, кога другите важни лидери на ЕУ на процесот на проширување на Унијата гледаа како на „политичка лепра“ за нивните домашни изборни агенди.

Навистина, напредокот во тоа проширување во изминатите 6-7 години е речиси минимален, додека овдешниот цинизам и незадоволство од ЕУ, со право, достигнуваат максимални нивоа на општо незадоволство и разочарување. Но и самото одржување на „наративот“ е постигнување само по себе, во услови кога самата Унија висеше врз понорот на опасноста од укинувањето на еврото, последиците од Брегзитот, справувањето со мигрантите (за тоа Меркел ја критикуваат како главен „виновник“) и пронаоѓањето релевантна смисла за нејзиното понатамошно постоење.

Меркел се покажа како инструментален конструктивен политички фактор во ваквото „европско бесознание“, една каша-попара што по многу важни прашања сѐ уште трае. И секогаш со цврсти и принципиелни либералдемократски ставови.

Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа.

Така што, мислам дека не е претерано да се каже: Данке Дојчланд што ја ставивте на располагање „Мама Меркел“ на европската и светска сцена, таа убавина нема да ви ја заборавиме.

 

П.П.С. Хронологијата на оставките во македонската политика, за која првично пишував пред два дена, предизвика голем интерес (добив десетици добронамерни сугестии и коментари по сите можни платформи за комуникација!), па денеска правам уште две ненамерни, иако „превидени“ дополнувања (mea culpa!): Министерот за правда од редовите на ДУИ Билен Салили во март 2018 си поднесе оставка, преземајќи морална одговорност за преквалификацијата на обвинението за смртта на малиот Алмир во Куманово (обвинителниот акт беше променет од „убиство со умисла“ во „сообраќаен инцидент со смртни последици“), а и министерот за култура Асаф Адеми од Алтернатива си поднесе оставка во мај 2019 „од здравствени причини“… Колективната оставка на министрите од ДУИ во Владата на Груевски во 2016 година, пак, мислам дека, сепак, не се „квалификува“ во хронологијата на поединечните оставки во македонската политика, па затоа и не ги наведов во првата колумна.

Како што стојат работите, наскоро – еднаш-засекогаш, со голема помош на „колективното паметење“ – ќе ја „затвориме“ листата на оставки во високите ешалони на македонската политика во изминатите 30 години. Па и тоа е нешто!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ