„Ексклузивното“ објавување на т.н. “Non-paper” за македонско – бугарскиот спор од „Клан Македонија“, и покрај демантите од Владата и претседателот на државата дека станува збор за официјален предлог, предизвика бура од медиумски содржини, дел од кои изобилуваа со невистини, потпалувачки говор и говор на омраза, пишува Жарко Трајаноски во својата колумна „Нон-пејпер, хартија за медиумско потпалување етнички страсти и „патриотски“ говор на омраза’’
Претпоставувам дека феноменот со заминувањето на Ангела Меркел од активната светска политика ќе биде сличен како она со струјата: кога ја има, тоа се третира за нормалност; кога ја нема, сите се вчудовидени како да го протуркаат денот без неа.Така што, мислам дека не е претерано да се каже: Данке Дојчланд што ја ставивте на располагање „Мама Меркел“ на европската и светска сцена, таа убавина нема да ви ја заборавиме, читајте во новата колумна „ Данке Дојчланд за „мама Меркел“!, на Сашо Орданоски.
ИНТЕГРАЦИИ: Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров , денеска во Солун , ќе учествува на регионална конференција посветена на европската перспектива на Западниот Балкан
СУДСТВО: Институтот за европска политика денеска во Скопје организира дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година со Акциски план – До каде сме и што понатаму?“
СОБРАНИЕ: Продолжение на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, седници на собраниската Комисија за европски прашања и собраниската Комисија за образование, наука и спорт.
НОВИНАРСТВО: Церемонија за доделување на „Награди од Европската Унија за истражувачко новинарство“ 2020 на Западен Балкан и Турција, на која ќе се обрати и ќе ги додели наградите, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Втор ден од конференцијата за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешната политика” во организација на Министерството за надворешни работи на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
МОНИТОРИНГ: Во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.