• Latest

Трагедијата во Тетово сѐ уште тема на предизборни партиски препукувања со стари фотографии, барања за ослободување од притвор

September 19, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Трагедијата во Тетово сѐ уште тема на предизборни партиски препукувања со стари фотографии, барања за ослободување од притвор

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев поважни грчките плажи од 14 изгорени, СДСМ: Безобразно лажат, фотографиите се од пред две години, АА: Слобода за притворените од протестот во Тетово, ДУИ: АА брани криминалци и насилство врз жените

September 19, 2021 20:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот имаше размена на соопштенија и реакции со владејачката СДСМ по неколку теми, а партијата имаше и прес конференција, на која портпаролот Димче Арсовски упати обвинувања кон скопскиот градоначалник Шилегов и бараше оставка од премиерот Заев и министерот за здравство Филипче за пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово. Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет. Како тргнала работата, според одредени сознанија, се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем. Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност“, рече Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ одговори дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести преку објавување фотографии што се 2 години стари.

„Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според владејачката партија, ова е уште една потврда дека за ВМРО дпмне ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ТУКУ им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи.

„Освен што ќе бидат запаметени дека постојано се на страната на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки ќе бидат запаметени и по тоа што ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на загинатите во пожарот, исто како што претходно ги злоупотребуваа чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот“, соопштија од СДСМ.

Алијанса за Албанците, освен оставки за пожарот во модуларната болница во Тетово,  бара и ослободување на петте протестирачи притворени по протестот завчера во Тетово, на кој имаше демонстрантите се судрија со полицијата која не им доззволуваше пристап до седиштето на ДУИ во Мала Речица.

„Апсењето на петмина протестирачи револтирани од трагедијата во Тетово доволно говори за нашиот правосуден систем корумпиран до гуша! Додека овој систем не е во состојба да ги држи вистинските криминалци зад решетки, не можеме да чекаме со скрстени раце овој систем да донесе правда во случајот во Тетово! Овој систем што ги остава слободни Бобан Илиќ, Зоран Милески-Кичеец, Рашковски и Боки 13, не е достоен да суди за 5 демонстранти кои го искажаа својот револт против државата поради изгорена душа, поради страдања и последователните неправди!“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Вчера во врска со соопштеното од Алијансата остро реагираше ДУИ, која ги оцени ставовите на АА како скандалозни, бидејќи се „ставени во одбрана на насилници врз жени и криминалци што употребиле насилство прв полицијата и институциите.

„Алијансата за Албанците не го осудува насилството предизвикано за време на вчерашните протести во градот Тетово. АА не ги осудува нападите врз органите на редот што вчера ги предизвикаа токму демонстрантите. Алијансата за Албанците не го осудува ниту насилството врз жените преку навредливите зборови и слични пароли кои од жените во овој случај направија мета, АА ги брани докажаните криминалци и насилството врз жените“, се вели во вчшерашната реакција на ДУИ.

МОНИТОРИНГ

ЦИВИЛ денеска најави прес конференција за „жешки изборни прашања“ кои произлегуваат од мониторингот на организацијата. Прес конференцијата ќе се одржи во вторник, 21 септември, со почеток во 12 часот.

Во тек е и повикот за пријавување на краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок е 30 септември.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ