• Latest

Прес конференција на ЦИВИЛ за сите жешки изборни прашања

September 19, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Прес конференција на ЦИВИЛ за сите жешки изборни прашања

Прес конференцијата на ЦИВИЛ ќе се одржи во вторник, 21 септември, во 12 часот на македонски и во 12:30 часот на албански јазик, во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“

September 19, 2021 10:37
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Каква политичка кампања имаме во пресрет на локалните избори пред почетокот на официјалната предизборна кампања што ќе започне на 27 септември? Се крши ли Изборниот законик? Кои сѐ злоупотреби ги нотираат мониторинг тимовите на Цивил? Има ли политичка корупција? Кој и на кој начин ги злоупотребува децата во изборен контекст?

Кои се препораките на ЦИВИЛ и како организацијата ги набљудува изборите? Кој може да се пријави за изборен набљудувач на ЦИВИЛ, а кој не? Како ќе се спроведе изборниот мониторинг на ЦИВИЛ на денот на гласањето?

Ова се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ ќе одговори на прес конференцијата во вторник, 21 септември, во 12 часот на македонски и во 12:30 часот на албански јазик, во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“.

По презентацијата на наодите и информациите поврзани со изборниот процес, претставниците на ЦИВИЛ ќе дадат и изјава по повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот.

Пресот ќе биде емитуван онлајн на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Новинарките и новинарите ќе имаат можност и за онлајн вклучување на Зум, со претходна најава по мејл или по телефон, најдоцна до вторник, 21 септември, 11:30 ч. Физичко присуство е дозволено за најмногу четворица, за што е потребна претходна најава од редакциите. Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите. На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури кои се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.

Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ