• Latest

На пунктот на УКИМ за две недели вакцинирани околу 70 лица

September 22, 2021
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

На пунктот на УКИМ за две недели вакцинирани околу 70 лица

September 22, 2021 13:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Филип Крстевски, запишан во прва година на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска прими прва доза од „Фајзер“ на пунктот отворен на кампусот на УКИМ зашто, вели, сака да е подготвен и заштитен за академската 2021/2022 година што ќе почне идниот петок.

-Се вакцинирав за да може да ги следам предавања со физичко присуство бидејќи така е најубаво, рече за МИА бруцошот од Скопје кој пунктот треба повторно да го посети за втора доза во средината на идниот месец.

За да им се олесни пристапот за имунизација на студентите, од 9 септември профункционира пункт на Скопскиот универзитет, сместен до влезот на Економскиот факултет.  Во секој работен ден од 8 до 14 часот, покрај за студенти, отворен е и за сите со намера да се вакцинираат. Може да избираат меѓу „Фајзер“ и „Синовак“.

Од медицинскиот тим во пунктот велат дека откога е отворен, вакцина примиле околу 70 лица, во некои денови имале и по 15, а понекогаш покрај студенти се вакцинираат и нивни родители, па и случајни минувачи.

-На почетокот немаше многу интерес, но не беа доволно информирани. Пратен е мејл до сите студенти и сега сите се известени. Досега имаме вакцинирано околу 70, во просек од 10 до 15 дневно, изјави  д-р Ангела Димитриевска.

Различни се мотивите на тие што дошле да примат вакцина, но повеќето, вели, за да може да влезат во кафулиња и ресторани каде што се бара сертификат за вакцинација.

-Но, има и кои сакаат да го заштитат своето здравје, за да не им пренесат на домашните и за да се вратат на настава со физичко присуство во клупите, додаде д-р Димитриевска.

Вакциналниот пункт на Универзитетот го посетивме со, која нагласи дека не треба да има забуна дека со отворањето на пунктот вакцината е задолжителна за студентите, но

-Кога дознаа за отворање на пунктот, ќе се собираа на протест против присилна и задолжителна вакцинација. Нема такво нешто. Вакцинирањето е доброволно и го помага процесот на имунизација за да може ние, генерално, да се придвижиме кон физичко присуство ако поголем број студенти се вакцинирани. Но вакцината не е задолжителна, изјави за МИА Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, која апелира до своите колеги да се имунизираат и да се заштитат од вирусот КОВИД-19.

Новата академска 2021/2022 година на 1 октомври ќе почне комбинирано за студентите на Скопскиот универзитет, односно предавањата од зимскиот семестар ќе се следат со физичко присуство и онлајн. Невакцинираните ќе немаат обврска од сертификат за вакциниа, ниту потврда за ПЦР-тест.

Во отсуство на протоколи за високото образование, за наставата со физичко присуство ќе важат генералните мерки што се применуваа и во минатата академска година за организирањето на испитните сесии – носење заштитни маски и физичко растојание. Обврска за медицински потврди засега нема ни за сместување во студентските домови.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ