• Latest

Најчевска: Потребна е политика што ќе води соодветна и долгорочна грижа за образованието

September 24, 2021
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Најчевска: Потребна е политика што ќе води соодветна и долгорочна грижа за образованието

September 24, 2021 15:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политиката не треба да се тргне од образованието, дури е потребно политиката да води сметка за образованието, изјави меѓу другото проф. д-р. Мирјана Најчевска на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на образованието“.

„Многу ми е тешко да зборувам за ова прашање, можеби затоа што толку долго разговараме, и толку пати на овој или оној начин сме се обиделе да смениме нешто, што некогаш човек веќе губи елан, губи желба воопшто да разговара, а камоли нешто да направи. Меѓутоа, има два елементи коишто треба да ги имаме предвид. Прво, политиката не може да се тргне од образованието, дури е потребно политиката да води сметка за образованието. Образованието треба да биде на прва точка на дневен ред на политиката, приоритет на политиката. Ако го тргнеме образованието од политиката, односно, ако ја тргнеме политиката од образованието, тогаш ништо не сме направиле.

Потребен е соодветен начин на третман на образованието од страна на политиката. Кога станува збор за партизацијата, тоа е веќе сосема друг проблем. Некој може да го партизира образованието само доколку не го разбира образованието, само доколку не го разбира значењето на образованието. Партизацијата значи кога некој е на власт, којшто ги држи узгините, некој којшто е во процесите на одлучување и слично, дефинитивно нема поим што значи образованието за заедницата, за развојот на една заедница, и воопшто за развојот на една држава. Ако тргнеме од еден многу елементарен пример, пример кој повеќе пати го повторуваме, меѓутоа стана некоја видна мантра  без вистина да го сфаќаме значењето на она што го кажуваме. Тоа е примерот на Финска и нејзиното образование.“, вели Најчевска.

Во однос на најсоодветен модел на воспоставено образование во светски рамки, Најчевска ГО посочи  пример  финското образование.

„Во 1960 година, некој во политиката во Финска, на ниво на политичко одлучување, на ниво на политичко решавање и слично, дошол до заклучок дека развојот на финското школство може да биде соодветен само доколку се посвети соодветно внимание на образованието, и доколку се направат такви суштински, коренити промени во образованието, коишто ќе доведат до таков развој. Од 1960 година до денеска, Финска цело време нешто додава, нешто менува, обликува, меѓутоа, основниот концепт е ставен тогаш. Тоа кажува дека ни е потребна политичка волја, политичко решение, меѓутоа, долгорочно, нешто што ќе произлезе од самата заедница, нешто кое ќе го прифатат сите политички фактори, и зад кое што ќе стојат година по година, по декада, за да може да се направи вистинската промена.

Она што Финците го направиле е, прво, решиле што и како ќе се случува со образованието на наставниците, потоа решиле што и како ќе се случува со именувањето на менаџерскиот кадар којшто ќе работи во рамките на училиштата. Потоа дошло и се она што е поврзано со програмите, со курикулумите, со содржините, со учениците. Меѓутоа, првата промена, основната промена започнала од менаџерскиот кадар на училиштата, и од се она што претставува образование на наставниците, на учителите, на сите едукатори во основното и средното образование.“

„Ако сакаме да зборуваме за каква било промена, треба да почнеме од таму. Многу е интересно дека голем број држави кои се на врвот на образовниот процес, имаат посебни факултети за образование. Не се образуваат наставниците на редовните факултети, на обичните, туку им се посветува посебно внимание. Градењето на наставникот, градењето  на наставникот, едукаторот, е посебен процес, тоа е посебна професија, тоа е нешто во што се вложува, за да можат да се достигнат не само соодветни знаења, туку и соодветни вештини по што тој човек потоа ќе биде вметнат во образовниот процес. За менаџерскиот кадар, исто така можат да бидат менаџери во училиштата не секој човек, туку некој што поминал низ образовниот процес, луѓе коишто додале на тоа што е поврзано со менаџментот со организација. Според мене, ова се двата појдовни елементи од коишто треба да тргнеме.

Прво, дека политиката не смее да се тргне од образованието, туку треба да имаме политика што е спремна да води соодветна грижа, и тоа долгорочна за образованието, и второ, дека партизацијата на образованието, било да станува збор на именување директори, наставници или било што друго поврзано со образованието, само значи елементарно незнаење за значењето на образованието.“, порача Најчевска.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети  

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ