• Latest

Панел на ЦИВИЛ: Департизација на училницата

September 24, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Панел на ЦИВИЛ: Департизација на училницата

September 24, 2021 13:48
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Политиката не може да се тргне од образованието. Политиката не треба ни да се тргне од образованието. Образованието треба да биде на прв дневен ред на политиката“, истакна проф. д-р. Мирјана Најческа на панел дискусијата на тема „Деполитизација на училиштата“, во организација на ЦИВИЛ, како дел од проектот Европски перспективи, кој Организацијата го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

„Може да го партизира образованието само тој што не го разбира, ниту ја знае потребата од образованието.

Во Финска во 1960 година некој во политиката дошол до заклучок дека развојот на образованието е само доколку само нешто постојано се менува се додава. Првата промена започна во менаџерскиот кадар.

Вистинска промена е кога сите политичари ќе застанат позади некоја образовна реформа. Треба да се финансира за обука и надградување на знаењата на едукаторите“, истакна Најческа.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ вели дека во едно општество како што е македонското, образованието е партизирано. Политизацијата и партизацијата мора да излезе од образованието, односно департизација на училницата.

„Во времето на нацизмот, секој наставник кој работел во училиштата морал да се приклучи на „Лигата на наставниците“, која работела во дирекна контрола на националистичка партија.

Сличен таков период имавме од 2006-2016 година, каде имаше рапиден скок во зачленување во тогашната владеачка партија. Имаме последица од тој период. Еден дел од наставниот кадар беше охрабрен да ја пренесуваат политичката индоктринација на своите ученици, бидејќи беа заштитени од политичката партија која беше на власт. Ова го дознавме од храбрите учители кои преговориле и се спротиставиле на партизацијата во образованието. Затоа сметам дека партизацијата треба да излезе од образованието“, вели Дерала.

Професоркaта д-р. Јасна Бачовска вели дека има голем проблем пред се во средното и во основното образование.

„Мојот син е трето одделени и учи во јавно образование и секогаш доаѓаме до дилема дали го нааправивме вистинскиот чекор. Нема сапун во училиште само колку за пример. Имаме училиштта без греење, а од друга страна се зборува за учење од паметни компјутери.

Во 2016 година се вработиле неколку лица од нигде, во Правен факултет, но фрустрира тоа кога си квалитетен кадар и бараш вработување и некој ќе дојде преку партија и ќе се вработи на твое место.

Градоначалниците поставуваат директори на училиштата. Тоа се послушници кои немаат личен став да кажат нешто против погрешните реформи или против градоначалникот. Во минатото гледавме како еден бивш премиер го носеше детето во училиште.

Најлошите ученици денес се запишуваат во Педагошки. Се изгуби улогата и статусот на наставниците, за разлика од порано кога наставниците беа почитувани и угледни луѓе.

Многу професори од Правен факултет се дел од политичките партии.

Две години сум уредник на студентското радио, но немаме средства да функцонира како и други работи. Науката кошта, треба политичка волја да се промени нешто во однос на образованието“, истакна Бачовска.

Професорката д-р. Катерина Колозова вели дека во образованието ниту е можна ниту е пожелна деполитизација.

„И покрај тоа што се зголемува климата на демократизација, вгнезденоста на авторитарниот резон што ја внесе Никола Груевски, остана во системот. Оваа влада не препознава дека во управувањето е вгнездено авторитарниот систем.

Сметам дека за прв пат министерката Мила Царовска прави обид за реформи во образованието, но наиде на ѕид и реформите беа начекани на нож“, вели Колозова.

Дерала на крај заклучи дека нам ни треба денацифизикација во образованието, но и во општествениот дискурс, како што тоа го направи Германија по Втората светска војна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ