ЦИВИЛ ќе емитува новото издание на „Изборен рапорт“ и денеска, со почеток во 11:30 часот. „Изборен рапорт“ се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ, со можност за медиумите да испратат екипа да постават прашања. Денешните информации се во областа на политичка злоупотреба на децата, дискриминација на лица со посебни потреби, организирање на мониторингот на ЦИВИЛ и оценка на изборната кампања.
Тимот на ЦИВИЛ е на располагање за изјави во текот на целиот ден.
ВКЛУЧУВАЊЕ И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19
Организацијата ќе овозможи физичко присуство во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“. Физичко присуство е дозволено за најмногу четворица, за што е потребна претходна најава од редакциите.
Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите.
На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури. Тие се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.
СЛОБОДНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ИЗВЕШТАИТЕ
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).