• Latest
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Вистиномер: ПЦР тестовите не се отровни

September 30, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: ПЦР тестовите не се отровни

September 30, 2021 19:30
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Фото: Michael Kretzschmar / Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со него се дава литиум, ниту, пак, некако се наштетува, како што лажно се тврди во постот. Сосема е неможно во ПЦР стапчето да има батерија, како што се додава во бесмислените констатации поврзани со 5Г теоријата на заговор, пишува „Вистиномер“ во анализата на една дезинформација.

Рецензиран е пост на Фејсбук во кој лажно се тврди дека ПЦР тестовите за детекција на коронавирусот содржат хидрогел, кој бил „мини вакцина што ги масакрира црвените крвни здрнца“, литиум – кој делува на расположението на човекот, се користи во лекување на психотични болести, батерија со 3Д структура како некаква антена. Плус на тоа се додава тврдењето кое наведува на погрешен заклучок – дека изумителот на ПЦР тестот не го препорачува за детекција.

Но, тоа тврдење потекнува од напис напишан од Џон Лауритсен во декември 1996 години за ХИВ и СИДА, а не за ковид 19.

Контекстот од написот покажува дека Лауритсен не вели оти ПЦР тестот не функционира. Наместо тоа, тој појаснува дека ПЦР тестот ги идентификува квалитативно супстанците, а не квантитативно, детектирајќи ги генетските секвенци од вирусот, но не и самите вируси: ПЦР тестот има намера да ги идентификува супстанците квалитативно, но во неговата природа не е соодветен за проценка на бројки. Иако има честа погрешна импресија дека тестот го брои износот на вируси во крвта, овие тестови не можат да детектираат слободни инфективни вируси воопшто, тие може само да детектираат протеини за кои се верува дека се уникатни на ХИВ. Тестот може да детектира генетички секвенци од вируси, но не самите вируси.

Дури и ако Мулис го повторил истото пред смртта во 2019 година, тоа не значи дека ПЦР тестот е неспособен да детектира SARS CoV-2 – туку значи дека ПЦР тестот не може да определи дали индивидуата што се тестира е инфективна!

ПЦР тестовите се златен стандард за идентификување SARS CoV-2 во респираторниот тракт. Овие тестови се брзи и произведуваат резултати во исто време.

Важно е да се нотира дека откривањето на вирален материјал со ПЦР не кажува дека вирусот е инфективен или способен да предизвика инфекција кај други луѓе.

Во постот кој го рецензираме се тврди и дека ПЦР тестовите се „отровни,“ што не е точно. ПЦР тестот, односно брисот што претставува стапче со памучен врв, не содржи литиум (лек за психотични состојби администриран главно во САД). Зошто некој би сакал да администрира прилично скап лек преку ПЦР стапче? Литиум се дава само со строга медицинска индикација и не е за сите, затоа комплетно илегално би било да се дава со пцр тест, ниту, пак, е логично зошто некој тоа би сакал да го прави? Нема никакви докази дека на ПЦР тестот има литиум.

Молекуларните тестови, односно ПЦР тестовите, ги бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук! Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија.

Познато е дека молекуларниот тест (ПЦР тестот), со којшто се детектира коронавирусот, е одобрен од Светската здравствена организација (СЗО), тој е безбеден и за таа цел се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19.

Со овие тестови се бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за ова тестирање е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија.

Шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавилах уште во април за МИА изјави дека според упатствата на СЗО, ПЦР тестот е направен да го детектира самиот вирус, односно антигенот.

Со него може да се измери вирусното оптоварување или бројот на вирусите во еден примерок. Тоа значи дека само преку тестирање на вирусното оптоварување преку ПЦР, ние ќе знаеме дали некој е заразен и има активна болест и кога некој е излечен, истакна таа за МИА.

Поврзувањето, пак, на ПЦР тестовите со 5Г технологијата и всадувањето микрочипови нема никаква реална поткрепа. Ваквите објави, кои во последно време зачестија, одат на линија единствено на некакви теории на заговор, кои неизбежно прават линк со сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и тие досега повеќепати се разоткриени од сервисите за проверување на факти, како оние на Би Би Си, Ројтерс, но и многу други. Рецензија за една таква конспирација имаше неодамна и „Вистиномер“.

Во врска со тврдењето изнесено во постот кој го рецензираме, дека во ПЦР тестот има хидрогел, и тоа е неточно. На оваа тема веќе пишувавме овде. 

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со него се дава литиум, ниту, пак, некако се наштетува како што лажно се тврди во постот. Сосема е неможно во ПЦР стапчето да има батерија, како што се додава во бесмислените констатации поврзани со 5Г теоријата на заговор, пишува „Вистиномер“.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ