• Latest
Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Раководител на образовна установа испраќал СМС покани до вработени за „задолжително присуство“ на митинг на ДУИ

October 1, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Раководител на образовна установа испраќал СМС покани до вработени за „задолжително присуство“ на митинг на ДУИ

October 1, 2021 15:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

СМС покани за присуство на предизборен собир на Демократската унија за интеграција биле испраќани од раководител во образовна установа до вработените, со назнака дека „присуството е задолжително“. Оваа постапка беше пријавена во Мониторинг тимот на Цивил од лице вработено во установата, кое сакаше да остане анонимно, поради можни реперкусии во работата.

„Испраќањето покани е во ред. Но, да се бара задолжително присуство не е во ред“, вели лицето вработено во установата, кое до тимот на ЦИВИЛ испрати и докази за СМС-комуникацијата и пораката од раководителот на установата.

Ваква СМС порака добиле и други вработени од установата, а под зголемен притисок биле оние што немале решенија за постојан работен однос, кои биле потсетувани дека треба да се докажуваат за да го задржат работното место, вели лицето што го пријави случајот.

Според правниот тим на ЦИВИЛ, ваквиот притисок за присуство на митинг или учество во друг вид активности од изборна кампања, може да се подведе под кривично дело Присилба, согласно чл.139 од Кривичниот законик, каде се вели:

„Тој што со сила или сериозна закана ќе присили друг да стори или не стори нешто, ќе се казни со парична казна или затвор до 1 година. Ако делото го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од 6 месеци до 5 години“.

Иако во кривичните дела против изборите и гласањето, притисокот не е предвиден како кривично дело.
најблиско (но сепак различно!) и често кривично дело за време на изборите е Повреда на слободата на определување на избирачите, чл.160 од Кривичниот законик, кој вели:

„Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.
Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршење на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку 5 години“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ќе го следи овој случај со внимание, ќе комуницира со сите засегнати страни и институции и за тоа ќе ги известува граѓанките и граѓаните и јавноста. Воедно, ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии дека ваквите постапки се косат со Изборниот законик и Етичкиот кодекс што го потпишаа сите партии.

ЦИВИЛ бара од партиите и нивните раководства, особено од оние што се на власт на централно и локално ниво, да не ги злоупотребуваат јавните функции за вршење притисоци врз вработените во јавниот сектор во кампањата за локалните избори. Ова важи за сите јавни установи и администрацијата, но особено за образованието, кое мора да биде ослободено од партиските стеги што го гушат повеќе години наназад.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result