• Latest

За политичарите како да не постојат протоколи за заштита од КОВИД-19

October 2, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

За политичарите како да не постојат протоколи за заштита од КОВИД-19

October 2, 2021 22:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Непочитување мерки за заштита од КОВИД-19

Демократска Унија за Интеграции

Градоначалникот на Општина Струга и кандидат на Локалните избори, Рамиз Мерко на денешната средба со жителите од Струга и кандидатите за општинскиот совет делеа партиски материјали (флаери), и се поздравуваа со граѓаните без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, односно, на фотографиите објавени на Фејсбук профилот на градоначалникот, се забележува како се гушка со граѓаните.

Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко на средба со граѓаните

Алијанса за Албанците

Кандидатот на Алијансата за Албанците за градоначалник на општина Боговиње, Албон Џемаили денеска пред жителите на општината ја претстави својата програма. На средбата присуствуваа и претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и пратеничката Илире Даути.

Средбата се одвиваше во затворен простор, со видливо непочитување на протоколите за заштита од КОВИД -19.

Непочитување на КОВИД протоколите се забележани и на средбата на кандидатот за градоначалник на општина Желино, Махир Зибери, во село Ларце.

УПОТРЕБА НА ТРАГЕДИЈАТА СО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА

Алијанса за Албанците 

Претседателката на Унијата на жените на Алијанса за Албанците, Вјолца Бериша, денеска на прес конференција побара одговорност за пожарот во Тетово во кој изгоре модуларната болница и починаа 14 пациенти.

„Ние како политичка партија, заедно со вас, нема да дозволиме измамата да се рециклира на овој начин, да се пакетира и да ни се нуди повторно како да се нема случено ништо.  Ние нема да ги заборавиме 14-те изгорени тела, ниту пак болката на 14-те семејства што ги загубија нивните најмили, ниту неодговорноста на функционерите на тој ден, коишто и денес после три недели без трошка срам продолжуваат да се сликаат, продолжуваат со кампањата активно на нивен срам и наша болка.“, изјави меѓу другото Бериша.

ВМРО -ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Тетово рече дека место министерот за здравство Венко Филипче да понесе политичка одговорност поради тоа што 14 луѓе живи изгореа во модуларната болница во Тетово, тој оди по митинзи.

ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција на Граѓанската пријава и да не подлегнуваат на дезинформациите и говорот на омраза.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ЦИВИЛ континуирано  ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ