• Latest

Спасени нови 149 граѓан(к)и од Авганистан, политичарките маргинализирани во медиумите, подигнато обвинение за Рашковски, Латас и Мицкоски создаваат информациски хаос

October 8, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Спасени нови 149 граѓан(к)и од Авганистан, политичарките маргинализирани во медиумите, подигнато обвинение за Рашковски, Латас и Мицкоски создаваат информациски хаос

October 8, 2021 17:37
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Спасени уште 149 граѓани од Авганистан за кои Северна Македонија обезбедува привремен престој

Република Северна Македонија останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот.

Доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан. Станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеа во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Теодора Димитрова: Јас телевизијата ја почитувам, тоа е значаен медиум, но тоа што го направија, јас најпрвин сметам дека е некако напад врз жените, но и врз младите во политиката, изјави кандидатката за градоначалничка на Куманово од Движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, на интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

ИЗБОРЕН РАПОРТ #12

Во денешното, дванаесетто издание на „Изборен рапорт“ , ЦИВИЛ известува за заканите на Грчева дека ќе „дига на клоци“ и ќе апси, за црна кампања со злоупотреба на трагедијата во Тетово, случајот „Латас“. Воедно, ЦИВИЛ започнува со   викенд обуки за набљудувачите.

 

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

ПРАВДА  Обвинителството за организиран криминал и корупција во петокот поднесе обвинението против поранешниот Генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, за  спорните набавки на софтвери за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација на гласачи.Обвинителството,  со кое раководи Вилма Русковска, до Кривичниот суд во Скопје, освен за Рашковски, поднело обвинение и против уште шест други лица кои се товарат за проблематичните набавки на софтвери. Ваквиот развој на настаните, го најави обвинителката Русковска  уште на 21 септември годинава, кога објави дека се завршени вештачењата и дека истрагата, во која беа споени двата предмета, влегува во завршна фаза .

ИЗБОРИ   Пријавувањето до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните завршува утре (9 октомври на полноќ), додека рокот за лицата со Ковид -19 или во самоизолација е до 11 октомври на полноќ. Во однос на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, предвидено е Општинската изборна комисија по службена должност да собере податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. ДСЗИ е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до ОИК податоците за лицата пријавени за гласање.

ЕКОНОМИЈА   Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени.

– До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади, изјави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

ДИПЛОМАТИЈА  Новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во земјава Вероник Улман денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот на државата Стево Пендаровски.

ЕКОНОМИЈА    На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите обврски кон државата.

ПОЛИТИКА  Јас бев еден од пратениците што гласаа за основањето на овој Универзитет и се чувствувам многу среќен кога го гледам успехот и благосостојбата на оваа институција. Исто така, многу добро се сеќавам на месец октомври 2016 година кога Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје почна да функционира во објектот на Сојузот на синдикати. Универзитетот „Мајка Тереза“ е директен резултат на Охридскиот Рамковен договор, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

ИНТЕГРАЦИИ  Шефот на дипломатијата на Европската унија Жосеп Борел изјави денеска дека Бугарија треба да биде пофлексибилна по прашањето за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Бугарија го стопира влезот на Северна Македонија, која е членка на НАТО, во ЕУ, поради несогласување со Скопје околу прашањето на јазикот.

ЗЕЛЕНИ Предизвиците во управувањето со отпадот беа во фокусот на министерскиот состанок за животна средина во Трст, Италија, на кој присуствуваше министерот за животна средина просторно планирање, Насер Нуредини на покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора Ратко Митровиќ, во име на црногорското претседателство со Централната европска иницијатива (ЦЕИ).

ИНТЕРВЈУ

ДИСТРИКТ – Тито Петковски: Нема граѓанско општество со доминација на етнички колективитети

ДИСТРИКТ – Гоцевски: Кон бегалците треба да покажеме солидарност

 

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

На кампањата за локални доминираат национални прашања, пријавувањето за гласање на болни и немоќни завршува утре на полноќ

Дванаесетти ден од изборната кампања за локалните избори, општиот впечаток е дека се водат два различни видови кампања, од кои едната се однесува на локалните агенди на кандидатките и кандидатите за функции во локалната власт, а втората е црна кампања во која преовладуваат говорот на омразата, навредите и дезинформациите за политичките конкуренти.

ИНФОРМАЦИСКИ ХАОС 

Латас продолжува неказнето да поттикнува омраза кон „соросоидите“

Четири години по неславниот крај на „Стоп операција Сорос“ и повикот на Груевски за „десоросоизација“ на земјата, што беше дел од радикализацијата на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ која го продуцираше насилството во Собранието на 27 април 2017-та, повторно сме сведоци на медиумски говор кој поттикнува омраза кон тнр. „соросоиди“ од страна на Драган Павловиќ – Латас, пишува Жарко Трајаноски.

Мицкоски повторно со дезинформации: Извртени факти за причините за паѓањето на владата во Романија

Извртување на факти и полуинформации од страна на Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои дезинформираат дека во Романија паднала владата како последица на пожар во ковид болница.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Тоа е тоа. Откако ја „покоривме“ целата друга ЕУ, со Бугарите, и покрај општите европски надежи, нема да има „брзи одлуки“. Тешко ќе има и спори одлуки, бидејќи уште Меркел недоизлезена од вратата на салата на Брдо, каде што со Макрон и другите се обидуваа да го убедат Радев дека неговата држава води ирационална политика во однос на својот западен сосед, бугарскиот претседател испорача такви барања до Македонија, што за нивното исполнување би требало да го вратиме тркалото на историјата барем седумдесетина години наназад, плус да ангажираме и едно стотина илјади „оригинални“ Бугари кои овдека би ги попишале како Македонци. Бидејќи, овие на кои Бугарите им дадоа пасоши, како што стојат работите, не сакаат да се попишат како Бугари. Срам да им е, пишува во колумната на Сашо Орданоски  „ Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!”.

 

Д. Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ