• Latest

Во Словенија епидемиолошката слика „најлоша досега“, во Загреб сите поголеми болници стануваат Kовид-центри

October 29, 2021
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Словенија епидемиолошката слика „најлоша досега“, во Загреб сите поголеми болници стануваат Kовид-центри

October 29, 2021 10:02
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови.

Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина наместо еднаш ќе треба да го прават два пати неделно. Дополнително, од понеделник се воведуваат почести редовни задолжителни тестирања во здравствените и социјалните установи, а маски ќе треба да носат и вакцинираните, доколку се во директен контакт со други лица.

– Епидемиолошката слика е лоша, се движиме кон најлошата состојба во епидемијата досега, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар. Доколку ситуацијата не се промени и ако бројот на лица хоспитализирани на интензивна нега поради Ковид-19 се зголеми на 160 до 180 (во моментов 133), тоа би значело можно затворање на делови од општествениот живот, додаде тој.

Поклукар предупредува дека, со тренд од 3.000 или 4.000 новозаразени дневно, ова последен момент за „да се спречи Бергамо и колапс на здравствениот систем“, пренесува Хина.

Шефицата на владиниот експертски тим за Ковид-19, Матеја Логар, изјави дека е можно како последна мерка да се овозможи работа и слободно движење само за оние кои се вакцинирани против Ковид-19 или кои оздравеле и имаат имунитет, и воведување на онлајн часови или задолжително тестирање за сите ученици и студенти.

Поради тешката состојба и приливот на нови пациенти, најавено е дека ќе бидат отворени уште две болници за пациенти со Ковид, па од следната недела ќе ги има 15.

Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек најави остри мерки против оние кои не ги почитуваат антиепидемиските правила, откако во последните 24 часа беа потврдени над 3.100 новозаразени лица со Ковид-19, што е втора по големина бројка годинава.

Сопствениците на локали ќе треба да ги контролираат ковид-пропусниците на посетителите, а доколку одбијат да ги покажат или да се идентификуваат, да им се забрани влезот, во спротивно тие се одговорни.

– Доколку е потребно, ќе ги затвориме во согласност со законот оние локали што не ги контролираат посетителите, рече Почивалшек.

Според него, Владата повеќе не смее да ги игнорира високите бројки кои покажуваат дека епидемијата е во пораст.

– Доста е со изговори, ако не престанеме, следи целосно затворање, рече Почивалшек.

Владата вчера соопшти дека за 24 часа имало 3.166 нови инфекции, што е голем пораст на бројот на заразени во споредба со пред една недела, кога беа регистрирани 2.145.

Досега во Словенија се регистрирани повеќе од 3.000 новозаразени само на 5 јануари, кога имало 3.428, а загрижувачки е растечкиот удел на позитивни тестови – во последните 24 часа имало 38,1 отсто.

Во словенечките болници во моментов има 526 пациенти со коронавирус, од кои 133 се на одделенија за интензивна нега, а за 24 часа имало девет смртни случаи од последиците од Ковид-19, соопшти претходно Министерството за здравство.

Во Словенија од септември на работа можат да одат само лицата кои имаат потврда дека се вакцинирани или прележале коронавирус, а ковид пропусниците се бараат и во јавниот превоз, за влез во трговските центри и слично.

Само 53 отсто од населението е вакцинирано против Ковид-19.

Поради големиот број на нови инфекции со коронавирус во Хрватска, Загреб воведе нов болнички режим, според кој сите поголеми болници во главниот град стануваат Ковид-центри, јавија хрватските медиуми.

Зголемувањето на капацитетите за лекување на пациенти со Ковид-19 мора целосно да се реализира до понеделник. Договорен е и диспечер во Итната помош во Загреб кој 24 часа ќе ги следи слободните места во болниците.

Договорено е болниците обврзно да пријавуваат состојба во 8, 14, 19 и 24 часот.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на денешната владина седница зборуваше за актуелната епидемиолошка состојба во државата.

Тој рече дека се подготвува отворање на загрепската Арена за болни од Ковид-19.

– Продолжува трендот на 75 проценти невакцинирани кај заразените, хоспитализираните и починатите. Здравствениот систем се подготвува за нови оптоварувања. Со достапни вакцини и јасни правила може да се избегнат многу хоспитализации. Повеќе од 80 отсто од лекарите се вакцинирани, кој би не лекувал да не се вакцинирани? Да го следиме нивниот пример, рече Берош.

– Излезот од епидемијата неизбежно и непотребно се пролонгира. Пораката на науката е јасна – треба да го забрзаме излезот од епидемијата преку вакцинација, истакна тој.

Општина Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за Ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат.

Секој втор тестиран граѓанин во Загреб вчера бил позитивен, јави Индекс.

Денеска во Хрватска се регистрирани 4.154 новозаразени, додека вчера – 4571, 1.207 хоспитализирани од кои 153 на респиратори и 26 починати.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ