• Latest

Напад врз медиумските работници е напад врз слободата на говорот, 27 април останува симбол на неказнивоста

November 2, 2021

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Напад врз медиумските работници е напад врз слободата на говорот, 27 април останува симбол на неказнивоста

November 2, 2021 14:51
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Упадот во Собранието на 27 април 2017 година е најсериозниот инцидент во кој не само што се повредија правата на 20-тина новинари и медиумски работници, туку се повреди правото на јавно информирање на граѓаните. Новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) останаа сами да ја бараат правдата пред надлежните судови и истите судови покажаа различен аршин. Не ги видоа виновниците, ниту во насилниците, ниту во државата која не ги заштити, изјави претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски на денешниот собир пред Основното јавно обвинителство со кој го одбележаа Меѓународниот ден за прекинување на политиката на неказнивост на насилството врз новинарите

Ни пратија порака „Новинарството не ни треба“. Затоа сме денеска тука, да потсетиме дека правдата за 27 април е селективна, додека политичарите беа заштитени, медиумските работници беа извисени, изјави Чадиковски.

Претседателот на ЗНМ порача дека 27 април останува да биде симбол на неказнивоста кон напад врз новинарите и ги повикаа институциите сериозно и ефикасно да ги истражат сите напади врз новинари и да ги казнат одговорните.

Тој потсети дека без одговорниот пристап на институциите, нападите врз новинарите ќе продолжат, а ќе станат и поагресивни со што може да го доведат во прашање животот на новинарите.

– Институциите треба да разберат дека напад на новинар во исто време е напад и врз слободата на говор, правото на граѓаните да се информираат и демократијата воопшто, додаде Чадиковски.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски вели дека ЗНМ и синдикатот како партнерски организации повеќе од пет години работат на идејата преку законско решение се стави крај врз насилството врз новинарите.

– Точно пет години и една недела како јас бев лично нападнат и нашата медиумска екипа. Тоа одекна во јавноста, една година подоцна беше претепана екипата на А1 на Плоштадот „Македонија“. Бевме во политичка криза и граѓаните на нас гледаа како мета, за да можат да испратат порака со тупаници. Затоа ССНМ и ЗНМ не се поколебаа и иницираа законски измени во Кривичниот законик со коi идејата беше да се стави крај на нападите врз новинарите, односно да се санкционираат нападите како напад врз службено лице. Ние и денес после пет години не можеме да зборуваме дека имаме процесирано таков случај, односно дека Обвинителството гонело напаѓач по службена должност, како што е предвидена со таа законска измена, бидејќи Законот сè уште е во Собрание и не е донесен, објасни Беловски.

Тој апелираше до институциите ако правдата за 27 април не е добиена, сега имаат можност да ја поправат таа грешка. Во текот на наредниот период да го изгласаат законот, со кој на медиумите и медиумските работници ќе им овозможи отстапување од законот, односно гонење на насилниците по службена постапка.

– Затоа и денеска стоиме тука, тоа е и симболиката. Да упатиме и до Обвинителството порака дека доколку пратениците набрзо го донесат Законот, ОЈО нема да има повеќе изговор да не ги процесира нападите врз новинарите, односно да не ги гони напаѓачите на кои со ова законско решение ќе им се закани затворска казна, додава претседателот на ССНМ.

Тој порача дека само со законски и системски решенија ќе може да говориме за слободата на информирањето, односно и во пракса ќе се покаже дека европските вредности за кои често се говори можат да бидат имплементирани.

Новинарката Душица Мрѓа која беше дел од нападнатите новинари на „Крвавиот четврток“ на 27 април говореше за нејзиниот случај и посочи дека напаѓачот сè уште не е идентификуван.

– За разлика од тоа, дел од напаѓачите на политичарите се осудени, дел правосилно, на дел им се намалија казните, а дел беа и амнестирани, согласно политичките пазари што се направија. Да биде апсурдот уште поголем, ние самоиницијативно со поддршка на ЗНМ и на медиумските здруженија, поведовме свои тужби, изјави Мрѓа.

Таа посочи дека за иронијата да биде уште поголема, судиите ги омаловажувале, ги оспорувале и наведувале, а дел од нив им го оспорувале правото дали воопшто се новинари и биле прашани што барале во Собранието на 27 април.

– Јас сакам оттука на сите да им одговорам, во име на сите колеги кои на 27 април бевме во Законодавниот дом и тој злогласен прес-центар, ако заборавиле што гледале на телевизија бидејќи ние бевме тие кои известуваме и нашите екипи праќаа видеозаписи и извештаи. На 27 април во Собранието, новинарите ја спасија државата одговорно тврдам дека да не бевме ние гласни колку што бевме со целокупниот терор со кој се соочивме, 27 април ќе завршеше многу покрваво со жртви. Токму затоа 27 април и крвавиот четврток не смее да се заборави и правда за новинарите мора да има, порача новинарката Душица Мрѓа.

Прашан како го коментира изборниот процес и спречувањето на новинарите да ја завршуваат работата, претседателот на ЗНМ, Чадиковски изјави дека ток бил одбележан со низа инциденти во делот на новинарската работа.

– Едно беше тоа што го кажаа колегите фоторепортери и сниматели во делот на работата на општинските изборни комисии каде што голем дел од нив се однесуваа како да се газди на училиштата и градинките каде што се гласа, а некако е простор што е слободен за снимање и работа, вели тој.

Од друга страна. Чадиковски објаснува дека на многу места имало и вербални притисоци, закани, напади врз новинари и новинари за што тие неколку пати информирале и според него е нешто што не смее да се повтори, а сепак се повторува од изборен циклус во изборен циклус.

Тој додаде дека за овие случувања се информирани МВР и Обвинителството и очекуваат итна реакција, исто како што очекуваат итна реакција за другите тековни напади врз новинари.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ