• Latest

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ не гледа потреба за брзи избори, Ванхауте го разбира Заев, до ДИК поднесени 23 приговори

November 3, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ не гледа потреба за брзи избори, Ванхауте го разбира Заев, до ДИК поднесени 23 приговори

November 3, 2021 16:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ВМРО-ДМНЕ бара брзи предвремени избори, од СДСМ велат парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори оти државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изборната кампања постојано нагласуваше дека по локалните избори ќе има ново парламентарно мнозинство. Но, три дена по изборите, го смени ставот и наместо  ново парламентарно мнозинство тој бара брзи предвремени избори.

Затоа почитувани сограѓани, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна“, истакна Мицкоски.

Од СДСМ велат дека уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода.

„Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката. Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе од советничките места кои ги освоија ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петер Ванхауте: Се разбира, потполно го разбирам разочарувањето на господинот Заев – разочарувањето од функционирањето на сопствената партија, разочарувањето од немањето напредок во однос на влезот во ЕУ, разочарувањето од функционирањето на некои од неговите коалициски партнери… Така, да, сето тоа се валидни причини зошто премиерот може да одлучи да поднесе оставка. Но, ве молам, во таков случај, доколку сакате да поднесете оставка, информирајте ја јавноста дека одлучивте да поднесете оставка од лични причини,

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ До државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021.

АНАЛИЗА По вториот круг на Локалните избори 2021, ги анализираме гласовите во 11 поголеми општини во Македонија, односно оние каде што излегоа да гласаат над 15 илјади избирачи, како и гласовите во уште 10 поголеми општини, каде што градоначалник беше избран во првиот круг.

Квантитативната анализа на резултатите во поголемите општини покажува дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 од 21 поголема општина каде што излегоа над 15 илјади гласачи.

ИНТЕГРАЦИИ  Враќањето на една националистичка реторика од нашите соседи, во суштина ќе нѐ одведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис

СОСТАНОК  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска оствари средба со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Северна Македонија.

На состанокот стана збор за актуелни прашања на домашен и меѓународен план, вклучително и статусот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и очекувањата за надминување на предизвиците.

СЛОБОДНА ЗОНА

По вториот круг на Локалните избори 2021, ги анализираме гласовите во 11 поголеми општини во Македонија, односно оние каде што излегоа да гласаат над 15 илјади избирачи, како и гласовите во уште 10 поголеми општини, каде што градоначалник беше избран во првиот круг.

Квантитативната анализа на резултатите во поголемите општини покажува дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 од 21 поголема општина каде што излегоа над 15 илјади гласачи, прочитајте во анализата на локалните избори на  Жарко Трајаноски „Кој победи во најголемите општини на Локалните избори 2021?“

Оние кои мислеа дека со промената на градоначалниците и составот на советите во своите општини ќе се пробудат во градовите со нов начин на метење на улиците, се разбира дека се излажаа – прво за што се зафатија неколку од новите вмровски градски управи (а повеќето градоначалници од новите мандати уште не се ни официјално доделени) е да влезат во контроверзата со употребата на уставното име „Република Северна Македонија“, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Ги гласавте – гледајте!”.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ