• Latest

Метаморфозис со вебинар за КОВИД-19: Вакцините не разболуваат, ама дезинформациите може да убијат!

November 3, 2021

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Метаморфозис со вебинар за КОВИД-19: Вакцините не разболуваат, ама дезинформациите може да убијат!

November 3, 2021 20:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата Метаморфозис oрганизираше вебинар за новинари за клучните факти за ковид-19 и вакцинацијата, во обид да им помогне полесно да ги препознаат и да се справат со различните дилеми, но и дезинформации, што се појавуваат на темата корона вирусот и вакцинацијата. Посебно внимание беше посветено на дезинформациите дека вакцините се опасни – дека предизвикуваат ковид-19 и дека ја менуваат ДНК-та на пациентот, известува Мета.

Доктор Александра Георгиева, специјализант по кардиологија и претседател на Здружението на лекари-специјализанти на вебинарот обрна внимание на фактот што иако многумина знаат што се јасни дезинформации, посебно внимание би требало да се обрне на скриените фабрикувани информации пласирани во медиумите.

„Тие ја имитираат содржината на квалитетен новинарски текст, но со подетална анализа се гледа дека се фабрикувани вести. Има делумно фабрикувани вести кои прикажуваат една информација и ја вадат од контекст, со што се искривува вистинската слика за ковид-19. Во таквите вести најчесто нема извор на студија, или препораки од релевантни институции“, објасни Георгиева.

Таа додаде дека медицината која се применува во Македонија, се заснова на веќе постоечки студии и правила поставени од Европската лекарска унија.

Како особено плодна почва за ширење на дезинформации или делумно вистинити информации, Георгиева ги посочи Интернетот и социјалните мрежи, и кажа дека тие се некогаш извор на многу вистински проблеми што може да предизвикаат сериозни оштетувања на здравјето и дури и смрт.

„Проблемот произлегува откако пациентите „ќе добијат дијагноза“ на интернет, на Гугл, која може да биде и неточна, тие не одат да се советуваат со лекар, туку се лекуваат самите“ посочи Георгиева и објасни дека затоа се случуваат несакани последици кај пациентите, кои може да завршат и трагично.

При известувањето за Ковид-19 таа нагласи дека медиумите треба секогаш да ги проверуваат студиите на кои се повикува изворот, како и кој ги спонзорира.

Во врска со дневните статистики за процентот на вакцинирано население кои секојдневно ги соопштува Министерството за здравство, Георгиева посочи на еден недостаток.

„Вакцинирано лице се смета кога е ваквинирано со две дози. Според тоа точната информација колку граѓани на Македонија се вакцинирани е бројката на оние кои ги примиле и двете дози“, рече Георгиева.

Во врска со бројните дезинформации кои се проширја во јавноста околу ефикасноста на вакцините поради брзиот период во кој беа развиени, докторката нагласи дека сите вакцини, без разлика дали се за ковид-19 или други болести, поминуваат низ ригорозен стандард за одобрување.

Георгиева зборуваше за уште еден негативен тренд на верување – дека тие што примиле вакцина може да се разболат од ковид-19 од вакцината или пак нивното ДНК да се промени. Таа нагласи дека вакцината во никој случај не може да се инкорпорира во генетската структура на човекот и дека не ја менува ДНК-та.

„Вакцината не може да предизвика зараза од ковид 19. Се јавуваат вообичаени реакции, кои може да траат два до три дена. А, тоа е нормален имунолошки одговор“, објасни Георгиева.

Таа додаде и дека не смее да се создаде мислење дека вакцината е магична бариера и дека иако некој ги добил и двете дози вакцина, сепак треба да продолжи да ги применува предвидените мерки за заштита.

Исто така, докторката рече за да се постигне точно и правилно известување за болеста, новинарите треба да имаат консултации со медицински лица. На тој начин ќе се спречи делумна дезинформација.

Учесниците на вебинарот заклучија и дека лекарите треба да се однесуваат професионално и да се воздржат од приватни и неиздржани ставови при интервјуа во медиумите, а и на социјалните мрежи за да не се шират дезинформации.

Исто така, еден од заклучоците беше Лекарската комора да стане поактивна и да забрани делење медицински совети и дијагностицирање и по Фејсбук, за што може да го преземат искуството од новинарското здружение.

Извор: meta.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ