• Latest

За Јакимовски се смешни прашањата од медиумите, осуда од ЗНМ и ССНМ за омаловажувачкиот однос на градоначалникот

November 5, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За Јакимовски се смешни прашањата од медиумите, осуда од ЗНМ и ССНМ за омаловажувачкиот однос на градоначалникот

November 5, 2021 15:36
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски ги обвини новинарите дека „оркестрирано од еден центар“ дошле денеска на неговото судење, а неколку пати им повтори дека смешни им се прашањата за неговата одговорност за злоупотреба на над 700 илјади евра од општинскиот и државниот буџет.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) веднаш го осудуија денешниот непримерен и омаловажувачки однос на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски кон новинарите за време на изјавата пред Кривичниот суд.

На новинарските прашања упатени до градоначалникот Јакимовски денес пред судот, тој наместо да одговори во врска со судската постапка во која тој и неколкумина се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување како претходен градоначалник на општината Карпош, тој изјави дека имал одлични менаџерски способности и дека прашањата упатени од страна на новинарите кон него биле „смешни“. Исто така, тој ги обвини новинарите дека денешното присуство на медиумите и новинарите на првото рочиште било оркестрирано од страна на „еден центар“.ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници, со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај не може да биде оправдана лична пресметка на јавни настани. ЗНМ и ССНМ апелираат до засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници, бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста, а не да задоволат нечии партиски очекувања. ЗНМ и ССНМ апелираат, исто така, јавните личности, избраните функционери да се воздржат од изјави кои на било кој начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократски вредности.

Со реакција се јави и Зоран Бојаровски, советник за медиумски реформи во Владата на РСМ, кој ги праша колегите новинари како се чувствуваат кога Јакимовски ги нарекува „срамота“ и „оркестрирани“?

„Кога ги нарекува вашите прашања смешни? И кога ви вели „имате ли други прашања“, а вие си молчите?! И кога во лице ве гледа и ви вели „смешни ви се прашањата, смешни ви се прашањата. Не ми се верува дека е ова состојба на „заробен ум“ зашто до пред две недели имавте соговорник чии што прес конференции траеја со часови, без да биде неодговорено ниту едно прашања, кој поттикнуваше и охрабруваше да поставувате прашања зашто тоа го бара вашата професионална одговорност, кој велеше дека секое прашање е резултат на слободата што ја освоивме сите заедно. Извинете, ама ако не знаевте -Не се сите исти. ЗНМ? ССНМ?“ – стои во Фејсбук објава од новинарот Зоран Бојаровски.

Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено.

Обвинетиот Стевчо Јакимовски, до Судот приложил документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.

Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице – градоначалник, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ