• Latest

Филипче: Се зголемува бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19, во петок состанок на Комисијата за заразни болести

November 10, 2021

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Се зголемува бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19, во петок состанок на Комисијата за заразни болести

November 10, 2021 13:27
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот долг временски период.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во однос на инциденцата на ниво на целата држава, последните две недели во однос на претходните 14 дена е зголемена за 28,5 проценти во 35 градови, а во други седум е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот раст, посочи министерот, е очекуван, имајќи предвид што се случува во земјите од регионот каде има огромен број новодијагностицирани и силен притисок кон болниците во смисла на зголемена потреба за хоспитализација.

– До крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме каква мутација е сега доминантна и за тоа денеска разговаравме со директорот на Институтот за јавно здравје, рече Филипче.

Во однос на хоспитализација, тој потенцира дека бројот на пациенти кои се хоспитализирани минатата недела во однос на претходната недела бележи раст за 15 проценти.

– Сега се хоспитализирани 518 пациенти. Добро е што нема голем притисок во смисла на голем број прегледи и нагол пораст на бројот на пациенти кои доаѓаат за преглед и имаат индикација за хоспитализација. На Инфективната клиника просекот на прегледи не е значајно зголемен, некаде 60 до 80 пациенти се јавуваат во текот на 24 часа и бараат преглед, а се дијагностицирани како ковид пациенти. Нашата анализа укажа на тоа дека процентот на хоспитализирани случаи во однос на вкупниот број дијагностицирани ако се споредат претходните бранови е намален и ако тогаш бројот на хоспитализирани беше 10 проценти од вкупниот број новодијагностицирани, сега е 6,4 проценти од 8000 активни случаи, 518 се хоспитализирани, истакна Филипче.

Во врска со вакцинацијата, тој рече дека досега во државата се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини, прва доза примиле 810 000 граѓани, околу 8000 се пријавиле дека се вакцинирале во странство, ревакцинирани се над 780 000 граѓани, а трета доза примиле 46 000 граѓани.

– Околу 5000 деца на возраст од 12 до 18 години се вакцинирани. Во однос на процентуалниот опфат 57 проценти од граѓаните над 40 години примиле барем една вакцина, 48 проценети од популацијата над 18 години примиле барем една вакцина, 46 проценти се ревакцинирани, а 13 проценти од вакцинираните над 60-годишна возраст примиле трета доза вакцина. Околу 44 проценти од вкупното население е опфатот на вакцинација во нашата земја. За жал во делот на вакцинацијата имаме стагнација. Апелирам дека граѓаните мора да се свесни дека ова е единствениот начин да се излезе од оваа криза, единствениот ефикасен метод за заштита од вирусот, вакцини има сосема доволно, додаде Филипче.

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но Филипче лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.

Министерот информираше и дека денеска е испратено писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти.

-Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека терба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Денеска испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече Филипче, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој повтори дека еден од главните критериуми за воведување нови мерки ќе биде ризикот во болничките капацитети кој засега не е евидентиран.

-Клучен е опфатот на вакцинацијата. Тоа и почитувањето на превентивните мерки и протколи, се излезот од кризата, повтори Филипче.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ