• Latest

Филипче: Вакцини имаме, разговаравме за новиот антивирусен лек на „Мерк“, лекот на „фајзер“ е во фаза на клиничка студија

November 10, 2021

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Вакцини имаме, разговаравме за новиот антивирусен лек на „Мерк“, лекот на „фајзер“ е во фаза на клиничка студија

November 10, 2021 14:53
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

-Заклучно со денеска имаме 200.000 вакцини „фајзер“ со различен рок. Има доволно вакцини, најавени се и донации од европските земји, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, нема конкретна информација кога ќе стигнат најавените 250.000 вакцини на „џонсон и џонсон“ од Данска.

-Беа најавени во два наврата – еднаш како информација и можност која ја прифативме и пред неколку недели со дефинитивна потврда дека може да се наменат за нашата земја. Рокот на тие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум се уште не ни е јавен, рече Филипче.

Се уште нема конкретна информација за можноста да се набави вакцината „спутник“, рече Филипче, оваа вакцина во одреден период не беше на располагање. Сепак, во овој момент, како што напомена, има доволна количина од другите вакцини.

Разговаравме со претставниците на компанијата „Мерк“ за новиот антивирусен лек. Тоа е антивирусен лек со кој компанијата е најнапред отидена со студиите, кои практично се завршени. Освен оваа, и компанијата „Фајзер“ развива ваков антивирусен лек. Станува збор за лекови кои никако не ја менуваат вакцината, туку може да се дадат по дијагностицирање на болеста со соодветна индикација и кои се уште не се одобрени, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

При тоа, посочи тој, за лекот на „Мерк“ се завршени клиничките студии и Американската агенција за лекови на 30 ноември треба да има состанок на кој ќе го каже ставот во однос на дозволата за употреба.

– Ние на некој начин изразивме интерес за да има некаква форма на пререзервација на одредени количества за нашите пациенти во најкраток можен период, откако ќе завршат сите административни процедури. Клиничките студии на овој ист тип лек од компанијата „Фајзер“ не се се уште завршени. Веројатно ќе завршат во следните неколку недели, рече Филипче.

Во врска со Европскиот ковид сертификат, министерот истакна дека детална презентација ќе направат во петок.

– Имаме подготвена анимација со видео како се симнува, како се користи сертификатот од сајтот vakcinacija.mk, скенирање на кодот во двете апликации и за ајфон и за гугл системот преку апликација… Тоа е сертификат кој е целосно признат во сите земји од ЕУ, нешто на што интензивно работевме со „Ајфон“ и „Гугл“ за да се верифицираат тие апликации. Тие се веќе достапни за нашите граѓани, може да се симнат на мобилните телефони, но детално ќе објасниме в петок, додаде Филипче

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ