• Latest
Собрание, 11 ноември 2021 (фото: МИА)

Опозицијата замина од Собранието, откако доживеа уште еден политички неуспех

November 12, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Опозицијата замина од Собранието, откако доживеа уште еден политички неуспех

November 12, 2021 00:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Собрание, 11 ноември 2021 (фото: МИА)

Собрание, 11 ноември 2021 (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од опозицијата вечерва си заминаа од Собранието, но како што изјавија, не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза. Седницата за доверба на Владата попладнево е прекината поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред, а согласно Деловникот за работа на Собранието, таа треба да заврши до полноќ.

Од Собранието вечерва си заминаа и претседателот на Движењето „Беса“ Биљал Касами и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелика Петкова, во скафандери пристигнаа во Собранието за да учествуваат на парламентарното заседание, но тоа не беше доволно да обезбедат кворум.

Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаа потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата, иако е потпишан на иницијативата.

Реџепи ова го потврди на Фејсбук, посочувајќи, меѓу другото, дека одлучил да не присуствува на седницата.

„Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба по оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ“, напиша на Фејсбук Кастриот Реџепи.

Тој потоа беше повикуван од Касами, Мицкоски, Села и други да се појави во Собранието, зашто наводно биле загрижени за неговата безбедност. Реџепи преку видео обраќање го демантираше гласините .Тој вели дека е на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија.

„Ви го зборувам ова со полна совест, а штом поминат ризиците од заканите на неколку индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и ќе ги објаснам сите работи. Секогаш ќе се ангажирам за слободата на говорот, за слободен став при донесувањето одлуки, што се доблести на демократски општества“, потенцира Реџепи во ведо обраќањето.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако беше очигледно дека иницијативата нема да им успее, пред присутните медиуми рече дека се мисли дали вреди да практицира политика.

„Па да чекаме да се појави, загрижени сме, дали човекот е жив, здрав, да видиме што се случува со човекот, да каже. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР, јас како што знам Биљал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така да видиме што ќе се случи. Но повторно ќе ви кажам, ова се методи на она налик на оние методи од 16-17 век и предизвикаа едно големо чувство кај мене на гадење и ако вака навистина се практикува политиката во Македонија, сериозна ќе се замислам дали и вреди да практицираме политика во Македонија.“, истакна Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека за следните чекори на опозицијата, во текот на утрешниот ден ќе заседаваат органите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде направена комуникација со коалиционите партнери.

Димитар Апасиев од „Левица“, после неуспешната иницијатива за соборување на владата, побара опозицијата да ги радикализира методите на дејствување што според него значи протести, блокади и парализа на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, за неуспешниот обид на иницијаторите рече Мицкоски да не бара алиби кај никој друг, освен кај себеси.

„Се она што денеска се случува во Собранието е резултат на лагите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата. За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста кај било кој. Само тој си е виновен и може на себе да си се лути, да му се гади и слично. Само за власт и за ништо друго, тој седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. Кај нив нема приниципи, нема политики, нема никаква понуда за граѓаните, за државата.”- истакна Јован Митрески на прес конференцијата на СДСМ по повод актуелните случувања во сообранието.

Џафери ја затвори собраниската седница за гласање доверба, Владата останува.

Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатираше вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери и ја затвори денешната седница.

Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има за право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.

Јане Ѓорѓиоски

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ