• Latest

Грчки медиуми за вчерашната седница на Собранието

November 12, 2021
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Извештај на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија: Сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
West Bank map screenshot

Израел на пат да одобри многу контроверзна населба од 3.400 куќи на Западниот Брег

August 15, 2025
Протести во Србија
Фото извор- скриншот од видео на Н1

Судири, солзавец и демолирани простории на владејачката партија на протестите во Србија синоќа

August 15, 2025
Пожарникар гасне пожар откако руски напад погоди бензинска пумпа во Суми, Украина, на 15 август 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации/Телеграм

Најмалку 6 цивили убиени и 17 повредени во руските напади во Украина пред самитот Трамп-Путин

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчки медиуми за вчерашната седница на Собранието

November 12, 2021 13:35
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси во последната минута“, „Северна Македонија: Заев го доби облогот“… се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува за вчерашните случувања, коментирајќи дека поради немање кворум пропадна иницијативата за гласање недоверба на Владата на Зоран Заев, но и дека настана „драма со албански пратеник“.

Агенцијата објаснува дека пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на БЕСА преку социјалните мрежи соопшти дека нема да присуствува на седницата, а „опозициските партии, вклучувајќи ја и БЕСА, покренаа сомнежи дури и за „киднапирање“ на Кастриот Реџепи, прашувајќи се дали неговиот живот е во опасност“.

АНА-МПА ги пренесува и ставовите од ВМРО-ДПМНЕ, но и пишува дека нов предлог за гласање недоверба на Владата може да биде поднесен по три месеци, „освен ако нема поддршка од мнозинството пратеници и во тој случај, предлогот може да се поднесе во секое време“.

– Зоран Заев, сепак, веројатно не се чувствува особено „среќен“, со оглед на тоа дека во моментов води малцинска влада. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СДСМ) има 43 пратеници, 15 пратеници има албанската партија ДУИ на Али Ахмети и еден Демократска партија на Албанците. Вкупно, партиите од владејачката коалиција имаат само 59 места во парламентот. Опозицијата има 60 пратеници: коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, коалицијата на албанските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, БЕСА два (тројца со Кастриот Реџепи, но не е јасно кој ќе го биде неговиот став понатаму) и партија Левица два пратеници, пишува грчката новинска агенција.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека опозицијата не успеа да обезбеди 61 пратеник, а „одлуката на пратеникот на малата албанска партија БЕСА Кастриот Реџеп да не ја следи партиската линија за пад на Владата на Заев создаде тензична атмосфера“.

Онлајн изданието на весникот „То вима“  пишува дека „продолжува политичкиот трилер во Северна Македонија, а Заев успеа „да остане жив“, бидејќи предлогот на опозицијата за гласање недоверба падна во вода по немањето кворум“.

Медиумите кај јужниот сосед со зголемен интерес во изминатиот период ги следеа случувањата во земјава, но и ги поврзуваа со односите со Грција и евентуалните последици за Договорот од Преспа.

Официјална Атина, како преку владиниот портпарол, така и преку портпаролот на грчкото МНР го повторуваше цврстиот став дека не ги коментира внатрешните случувања на други земји, но и ставот дека Договорот од Преспа мора да се почитува и да се спроведува.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ