• Latest

Корнхаузер-Дуда: Ги охрабрувам лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат

November 19, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Корнхаузер-Дуда: Ги охрабрувам лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат

November 19, 2021 20:13
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

 Во последните месеци живееме во натпросечна и тешка ситуација предизвикана од коронавирусот. Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, изјави Агата Корнхаузер-Дуда, сопруга на полскиот претседател, која денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, го псоетија Институтот за транфузиона медицина, каде од вчера се складирани 200.070 вакцини „Фајзер“, донација од Полска.

Корнхаузер-Дуда рече дека ги охрабрува лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат.  

Ѓоргиевска изрази благодарност до полскиот народ за донацијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што рече, засега само вакцината е единствениот излез од оваа ситуација.

Ова не го сфаќам само како чин на пријателство меѓу македонскиот и полскиот народ. Ова всушност е еден зрак на солидарност кој ни е потребен во овие тешки денови на една глобална криза. Во изминативе две години верувам дека секој од нас беше во контакт со некој што беше болен од Ковид. Верувам дека голем број од нас загубија блиски, роднини и пријатели и сметам дека со оглед на сите податоци што постојат, вакцината и засега само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Затоа би сакала да Ве охрабрам сите кои немате примено вакцина, пред се заради себе, заради вашите блиски и сите во околината, да ја примите што е можно побрзо бидејќи повторно се соочуваме со големи бројки секојдневно, истакна Ѓоргиевска.

Министерот Филипче се заблагодари за донацијата и посочи дека пандемијата во изминатите две години покажала колку всушност е важна солидарноста и помошта.

– Многу земји меѓусебно си помагаа. Полска беше една од првите, ако не и првата земја, која го најави механизмот на солидарност и донација на вакцини, после тоа Австрија ја презеде таа улога како земја која ја координираше донацијата на вакцините преку системот на Европската унија. Со оваа значајна количина од 200.000 вакцини на „Фајзер“ нашите количини во овој момент речиси се дуплираат. Имаме на располагање 270.000, а заедно со овие имаме 470.000 вакцини. Сосем доволно за краток временски период согласно новите мерки кои верувам дека Владата ќе ги усвои, граѓаните да се вакцинираат со цел значајно да се намалат ризиците повторно да растат бројките, повторно да се соочиме со голем број, а со тоа сериозно да се оптоварат болнциите, рече Филипче.

Верувам, додаде, дека граѓаните ќе сфатат дека сите овие мерки кои не е лесно да се препорачаат, се неопходни да го заштитиме здравствениот систем и здравствените работници кои неуморно работат речиси две години, а ние пренаменуваме и други одделенија во ковид – центри со цел да се заштити државата и здравствениот систем.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ