• Latest

Во Грција од денеска построги мерки за невакцинираните, и за литургиите во црквите ќе треба да приложат негативен рапид или ПЦР тест

November 22, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во Грција од денеска построги мерки за невакцинираните, и за литургиите во црквите ќе треба да приложат негативен рапид или ПЦР тест

November 22, 2021 14:20
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Построги мерки за невакцинираните и забрана за влез во затворените простори како што се кината, театрите, музеите или фитнес центрите, од утрово стапија во сила во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите рестрикции ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во обраќањето до граѓаните во четвртокот, а се однесуваат и на дел од просторите каде што досега постоеше опцијата за влез со негативен тест.

Согласно министерската одлука што утрово стапи во сила, сите невакцинирани полнолетни граѓани, освен во внатрешните делови на угостителските објекти, нема да имаат пристап ни во театрите, кината, музеите, на изложбите и конференциите, во фитенес центрите и на стадионите.

Промени има и за литургиите во црквите, каде што досега немаше никакви ограничувања, а од денеска невакцинираните ќе треба да приложат негативен рапид или ПЦР тест.

„Covid pass” односно сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен рапид/ПЦР тест е задолжителен, како и досега, за вработените во приватниот и државниот сектор, за влез во продавниците, фризерските салони и берберниците и надворешните делови на угостителските објекти.

За децата од четири до 17 години дозволен е влез и со селф тест, односно тест за домашна употреба.

Од денеска се воведува и флексибилен почеток на работното време за јавната администрација и вработените во приватниот сектор и на работните места може да пристигнат од 7 до 9.30 часот.

Паралелно, како што соопшти Мицотакис во четвртокот, сертификатот за вакцинација за влез во затворените простори за лицата над 60-годишна возраст ќе престане да важи седум месеци по издавањето и ќе биде потребна и трета доза, а оваа мерка ќе стапи во сила на 13 декември.

Грчкиот премиер, најави и дека од претседателката на Европската Комисија ќе побара европскиот дигитален сертификат да биде валиден само по примена трета доза.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ