• Latest
Vaccination, disease immunity passport, health and surveillance concepts. Smartphone displaying a valid digital vaccination certificate for COVID-19

Мерките на Комисијата за заразни болести не се дискриминирачки, сите партии кои се за европската иднина се добредојдени во парламентарното мнозинство, Ден на албанската азбука

November 22, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Мерките на Комисијата за заразни болести не се дискриминирачки, сите партии кои се за европската иднина се добредојдени во парламентарното мнозинство, Ден на албанската азбука

November 22, 2021 16:05
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Vaccination, disease immunity passport, health and surveillance concepts. Smartphone displaying a valid digital vaccination certificate for COVID-19

Vaccination, disease immunity passport, health and surveillance concepts. Smartphone displaying a valid digital vaccination certificate for COVID-19

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мерките на Комисијата за заразни болести не се дискриминирачки, смета Мрежата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација смета дека предлог-мерките на Комисијата за заразни болести се неопходни и не се дискриминирачки затоа што се насочени кон заштита на јавното здравје.

– Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки за обезбедување поголем опфат на имунизацијата се неизбежни доколку целиме кон заштита на животот и здравјето на луѓето. Потсетуваме дека индивидуалните права можат и треба да бидат предмет на ограничување кога зад целта на ограничувањето стои повисока вредност, како во случајот заштита на здравјето и животот на сите. Напротив, непреземањето на мерки од страна на властите со цел заштита на населението од Ковид-19, под одредени околности, може да се смета за повреда на човековите права, наведуваат од Мрежата за спречување и заштита од дискриминација.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Груби: Во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата

–Во моментов разговараме не само со Алтернатива туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието за да се приклучат на парламентарно мнозинство или да го поддржат и мислам дека сите тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ ќе се приклучат кон ова парламентарното мнозинство. Јас сум уверен дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, рече на новинарско прашање Груби кој присуствуваше на одбележувањето на 113-годишнината од Битолскиот конгрес и 14-годишнината на постоењето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОВИД МЕРКИ Министерот за здравство Венко Филипче утрово пред Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложил мерките за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствените работници на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени минатата недела, но на состанокот  на ГККШ не се донесени заклучоци, информираа од Министерството за здравство. Новите предлог мерки за заштита од Ковид-19, како што најавија од МЗ, ќе се разгледуваат утре на седница на Влада. За вечер е предвиден состанок на Филипче со синдикатите и нивните предлози ќе бидат доставени до Владата.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ На денешен ден, во 1908 година во Битола заврши Битолскиот Конгрес на кој се создаде албанската стандардизирана азбука.

На Конгресот се решава азбуката да се состои од 36 латински букви, што е во употреба до ден денес. За потребите на печатење на книги и весници со албанска азбука, во Битола тогаш се отворила и првата печатница, позната како Битолска Печатница, финансирана од група трговци – Албанци муслимани.

Зградата во која се одржал Битолскиот Конгрес, денес е Музеј на албанската азбука во кој се поставени фотографии и повеќе од 230 документи  во дигитална и хартиена форма со кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.

ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска.

Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца.

 ОБРАЗОВАНИЕ Состојбата со КОВИД-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици  кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека поради стабилната ситуација останува првото сценарио – физичко присуство и дека состојбата постојано се следи.

Доколку Комисијата за заразни болести понатаму има различни информации и ако се случи нешто поинаку, рече таа, МОН е подготвено да реагира и да го промени сценариото односно моделот на настава. Дотогаш, нагласи Царовска, во најголем интерес на учениците е училиштата да бидат отворени.

 ОБВИНИТЕЛСТВО Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка, а до Основниот суд во Тетово поднесен е предлог за определување мерка притвор. За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата.

АНТИКОРУПЦИЈА Исполнуваме уште една мерка од Планот за борба против корупција, започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Вицепремиерот Николовски посочи дека за ефикасна имплементација на системот, за трите клучни инспекторати Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и за Државниот управен инспекторат, веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервјуто на Зоран Иванов со Драган Спасов Дац, за него, за нас, за скопското урбано и скопското рурално, за општеството и државата, за културата и мултикултурата, за власта и опозицијата, за изборите и гласачите, за метлата и сметеното, за уметникот и политиката, за поезијата и љубовта или обратно, сеедно, за…

АНАЛИЗИ

Ротердам, Виена, Рим, Загреб, Белград… илјадници антиваксери излегоа на улиците да се спротивстават на вакцинација против чумата на 21 век – Короната, и на мерките кои цивилизираниот свет ги воведува за да го ограничи ширењето на оваа болест, и да ја спаси планетата од сè поголем број починати.

Единствениот спас и одбрана од Ковид 19 во овој момент е масовната вакцинација и воведување на мерките на изолација на антиваксерите, односно, воведување на ковид пропусниците за вработените во јавни институции и воведување на мерките со кои ќе се контролира ширењето на болеста. Како пропратна мерка потребна е и енергична борба против лажните вести и ширење на теории на заговор, пишува Александар Николиќ Писарев во својата анализа “Кој стои зад антиваксерското движење во Европа“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Минатата недела, по настанот на Општина Кисела Вода за старт на изградба на фекална канализација, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа упати прашање до ВМРО-ДПМНЕ и до Општината – во кое својство присуствуваше Мицкоски на настанот, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, или како професор на државен универзитет, кој во работно време платено од граѓаните, присуствува на почеток на изградба канализација, платена со буџетски пари?, читајте во новата колумна на Петрит Сарачини во MIDNIGHT EXPRESS „Што барате вие тука, господине Мицкоски?“

Вака како што се одвиваат кавгите во јавниот простор, не може далеку да се стигне речиси на ниту една важна тема за македонското општество. На пример, саботното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ дека „власта краде струја за копање крипто-валути“ е исто толку бесмислено и простачки навредливо како и карактеризирањата дека слушнатите налудничави теории на заговор од саботните антиваксерски протести во центарот на Скопје се од луѓе блиски (или членови) на македонската партиска конзервативна десница. А и едната и другата тема се важни за времето во коешто живее целата заедница., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Ало, Собрание, дали се слушаме?“

 

Д.Мишев

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ