• Latest
Photo by Willem-Jan Huisman on Unsplash

Втор ден на жалост, Димитров на онлајн конференција за Отворен балкан, сите ние загинавме во автобусот во Бугарија, конференција на Советот на Европа за заштита на жените Ромки

November 24, 2021

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Втор ден на жалост, Димитров на онлајн конференција за Отворен балкан, сите ние загинавме во автобусот во Бугарија, конференција на Советот на Европа за заштита на жените Ромки

November 24, 2021 08:58
in ВЕСТИ, ТОП 5
Photo by Willem-Jan Huisman on Unsplash

Photo by Willem-Jan Huisman on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

УТРИНСКИ КОЛУМНИ

Како може автобус кој не бил пријавен за меѓународен превоз – значи, ја немал потребната документација воопшто да ја помине границата – тоа да го правел во којзнае колку наврати, којзнае од кога? Дали е можно, вон фабричката спецификација, да имал додадени танкови за гориво (кои се можната причина за големиот пожар), бидејќи во некои земји каде што се возел цената на горивото била пониска од некои други земји во коишто превезувал патници? Дали е можно за време на паузата дваесетина минути пред трагедијата некои патници да си ги размениле местата со некои други во останатите три автобуси во туристичкиот конвој? Дали е можно вратите на автобусот автоматски да не се отвориле при ваква тешка несреќа затоа што, можеби, и пред несреќата биле неисправни? Дали е можно…, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „ Сите ние загинавме во автобусот во Бугарија “

ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.

 ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ

МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.

ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.

АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на civil.mk@gmail.com.

НАСТАНИ

ДЕН НА ЖАЛОСТ:  Во земјава денеска е втор ден на жалост по сообраќајната несреќа на македонскиот автобус во која вчера на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 45 патници, а седум се повредени.

Владата вчера прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа денеска е прогласен и во Бугарија и во Косово.

ПАНЕЛ: Во Белград денеска во српскиот Парламент ќе се одржи Конференција „Отворен Балкан – Патот кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“, на која на политичкиот панел покрај српската премиерка Ана Брнабиќ, онлајн ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Никола Димтров, албанскиот премеир Еди Рама и специјалниот американски пратеник за Балканот Габриел Ескобар, јави дописникот на МИА од Белград.

На конференцијата во поздравен говор на присутните ќе им се обрати претседателот на Народното собрание на Република Србија Ивица Дачиќ и амбасадорот на САД во Србија Ентони Годфри, соопштија од Собранието.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од регионалното истражување на јавното мислење и резултати од економската анализа на иницијативата Отворен Балкан, а ќе се одржи и Панел на бизнисмени за економските ефекти од Отворени Балкан.

КОНФЕРЕНЦИЈА:  Повеќе од 100 жени Ромки од денеска до 26 ноември ќе учествуваат на хибриднаta конференција (со физичко и онлајн присуство) организирана од Екипата на Роми при Советот на Европа во партнерство со Министерството за труд и социјални политики на Северна Македонија.

Конференцијата ќе биде отворена од Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика на Северна Македонија и Бјорн Берге, заменик генерален секретар на Советот на Европа.

Конференцијата во текот на наредните три дена ќе се обиде да направи преглед на тоа како Ковид-19 ги влоши долготрајните предизвици со кои се соочуваат Ромите. Имено жените Ромки особено имаат ограничен пристап до основните потреби како што се чиста вода, санитарни јазли и здравствена заштита, а пристапот до дигитално учење за нивните деца беше тежок, со намалени можности за вработување. Поопшто, Ромите беа посочени како „жртвени јарци“ за ширење на вирусот во одредени земји.

 

Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.

 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ