• Latest

Чадиковски до пратениците од Балканот: Не ги ограничувајте медиумите, ќе ја изгубите вашата слобода

November 27, 2021

(ИЗБОР) Албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври

August 15, 2025
Фотографија: ДКСК

ДКСК ја избра Цвета Ристовска за заменик претседателка

August 15, 2025

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

August 15, 2025

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, постапката за селекција и избор продолжува по завршување на локалните избори

August 15, 2025

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Стејт департментот нотира сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари во Северна Македонија

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Чадиковски до пратениците од Балканот: Не ги ограничувајте медиумите, ќе ја изгубите вашата слобода

November 27, 2021 13:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на регионалната конференција насловена како ,,Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Собранието на Република Северна Македонија свое обраќање имаше Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој потенцираше дека ова е прв пат да дојдат пратеници и претседатели на собранија заедно со новинари на исто место, од 4 земји. Смета дека тоа може да биде пресврт во градењето на нов менталитет на Балканот.

“Ниту вие пратениците треба да бидете мета на политички притисок, ниту ние новинарите треба да бидеме боксерска вреќа на насилниците кога гласно говориме. Без предуслови за слободна политичка арена вие пратениците не можете да им служите на граѓаните кои ве избрале. Без предуслови за безбедна работа на новинарите, ние новинарите  не можеме достоинствено да им служиме на граѓаните во насока  на правовремено и непристрасно известување” рече Чадиковски. Во продолжение е интегралниот говор на претседателот на ЗНМ.

“Нашата слобода зависи од слободата на медиумите која, ако се ограничи, ќе ја изгубиме” …

„Оваа позната мисла на третиот американски претседател Томас Џеферсон можеби денес овде ви изгледа пресилно, можеби и неадекватно за еден ваков настан. Собрани сме новинари од половина Балкан, политичари од половина Балкан, претседатели на собранија. Но, тука не дојдовме само куртоазно да се поздравиме, да испиеме по едно кафе и да кажеме пар празни зборови, не, тука сме да кажеме колку е важна слободата на медиумите, и за вас и за нас новинарите, јас денеска сум тука да ги адресирам вистинските проблеми, и да порачам дека нема да стоиме на страна.

Зошто разговараме и зошто ќе се обврземе на транспарентност токму со претставниците на парламентите на овие 4 земји, зошто ова не го правиме со Владите, политичките партии, другите општествени чинители? Има неколку причини…

И вие пратениците, и ние новинарите имаме заедничка одговорност, достоинствено да им служиме на граѓаните, во подобрување на политиките кои се од значење за сите нас. Тоа не е можно ако не се слушаме и почитуваме…

Слободата на мислата и говорот е неприкосновено право на секој граѓанин, и на секој новинар како гласник на граѓаните. Јавниот интерес е важен именител како за новинарите така и за пратениците, новинарите мора да известуваат во полза на јавноста, а пратениците законите што ги гласаат да се во согласност со интересот на сите граѓани.

Ова Собрание овде, овие ѕидови, овие камери, дел од овие луѓе новинари и пратеници што денес седат овде биле сведоци на неколку тажни настани, 24 декември 2012-та година, новинари беа истерани насила од тука за не сведочат на насилните сцени кога се носеше буџетот таа година, правдата ја најдоа во Стразбур… Пред 4 години на 27 април 2017-та година, новинари заедно со пратеници беа малтретирани тепани навредувани, на крајот извлечени со полиција за некој да не настрада.

Како тргнала неправдата за овој случај кон новинарите, правдата и тие ќе ја бараат во Стразбур. Државата не ги заштити ни 2012 ни 2017 та година, ги влечка по судски процеси и ги навредува како да се безначајни, некое нужно зло што постои. Упадот во Собранието од 27 април 2017 година е најсериозниот инцидент во кој не само што се повредија правата на дваесетина новинари и медиумски работници туку и се повреди правото на јавно информирање на граѓаните.

Новинарите и ЗНМ, останаа сами да ја бараат правдата пред надлежните судови и истите судови покажаа различен аршин, не ги видоа виновниците, ниту во насилниците, ниту во државата која не ги заштити.

Ни пратија порака – новинарство не ни треба.

И не сме тука да се жалиме на судовите, но тука сме за да ја подигнеме заеднички свеста, што можеме вие и ние заеднички да направиме. Да ја пратиме пораката, новинарството, слободното новинарство ни е неопходно, на сите.

Како, на кој начин? Собранијата се места каде што се креираат законите. Ние овде во Македонија често зборуваме, дебатираме, одржавме средби и со претседателот на Собранието и со шефовите на пратеничките групи, и сите декларативно ја имаме истата цел. Новинарите да бидат безбедни, а законите да овозможат услови за кревање на професионалните стандарди во новинарството. Тоа не е можно ако сите заеднички немаме формирано консензус за овие прашања. Декларативно можеби и имаме, но ќе ве потсетам дека постојат неколку закони за кои ништо не се прави.

Законот со кој ќе се овозможи насилниците против новинарите да бидат гонети по службена должност, не е завршен.

Законот со кој драконските казни против новинарите се намалуваат 4 кратно и тој е поднесен до собранието, не е завршен.

Законите кои требаше да овозможат услови за реформи во јавниот радио дифузен сервис и во АВМУ, не е имплементиран.

Разбираме и политичка криза и недоразбирања, но не можеме да сфатиме кога поради нив трпи слободното новинарство. Ако промените не можат да дојдат преку посериозни реформи во правосудниот систем да се обидеме да ги направиме преку овој дом. И оваа денешна конференција ни покажува дека имаме работа со луѓе што разбираат и ги сакаат промените и ова е вредно за поздрав.

Ова е прв пат на иницијатива на Здружението на новинарите и на уште три други новинарски здруженија од регионот да дојдат пратеници и претседатели на собранија на исто место, од 4 земји. Ова е добар сигнал, ќе го преточиме денеска и во заедничка декларација, се надевам дека тоа ќе биде пресврт во градењето на нов менталитет на Балканот, реформа на менталитетот на Балканот, ниту вие пратениците треба да бидете мета на политички притисок, ниту ние новинарите треба да бидеме боксерска вреќа на насилниците кога гласно говориме.

Без предуслови за слободна политичка арена вие пратениците не можете да им служите на граѓаните кои ве избрале. Без предуслови за безбедна работа на новинарите, ние новинарите  не можеме достоинствено да им служиме на граѓаните во насока  на правовремено и непристрасно известување.

Затоа сме денес заедно, вие да ја почувствувате вистинската одговорност во вашите пратенички клупи, а ние можеби да ја чуеме и другата страна на приказната. Знам дека не сме безгрешни. Новинарството живее во ера која се обидува да биде дел од пропаганди и лажни наративи, но ние професионалците имаме обврска да ги посочиме со прст оние што прават проблеми во нашите редови.

Ниту вие ниту ние, не сакаме да бидеме обележани како генерација која ги изневерила очекувањата на граѓаните, бидејќи на крајот на денот, губитници од таа работа можат да бидат сите посебно младите кои треба утре да бидат носители на промените, а не да ги решаваат проблемите наследени од нас. Ограничената слобода на медиумите ја ограничува и вашата и слободата на оние за кои работиме, граѓаните.

Затоа, да ги градиме капацитетите, ние, така како што најдобро знаеме, а вие пратениците така како што од вас очекува јавноста.“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ