• Latest

Вистиномер: Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

November 27, 2021

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

November 27, 2021 14:07
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Постојат дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е болест специфична и различна од сите други и со потврден и изолиран коронавирус. Така што, овој постот не е вистинит. Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот. А, наспроти апелот во постот да се одбиваат вакцините, тие го намалува ризикот од смртен исход од ковид-19, како и од тешки ковид компликации, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се доведува во прашање постоењето и веродостојноста на болеста ковид-19 предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ–2. Во постот без никаква аргументација се тврди следното:

Ковид е измама, одбивајте вакцини.

Иако наративот дека ковид не постои, дека е измама и апелот да се одбиваат вакцини, ПЦР тестови и воопшто почитување на мерките за заштита од коронавирусот, не е новост, сепак, опасноста се зголемува затоа што овие невистинити пораки се упатени во период кога трае вакциналната кампања, клучна за намалување на ризиците од тежок ризик и исход од ковид-19.

Ковид не е измама и навистина постои. Станува збор за болест, предизвикана од коронавирусот, кој, пак, е изолиран во лабораторија, со што се докажува неговото постоење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Самата Светска здравствена организација (СЗО) потврдува  дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година и во следното известување. Ова изолирање на коронавирусот содржи инструкции за создавање на вирусните протеини, кои се основа за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

Последните статистики на Институтот за јавно здравје во Република Северна Македонија, покажуваат дека досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е  196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535 (20.11.2021). Сите овие бројки не се само статистика, туку вистински луѓе. Неможно е да се манипулира со толкав број на заразени доколку ковид не постои. Постои и специфичен начин на којшто се детектира ковид а тоа е ПЦР тест.

ПЦР тестотисклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за САРС-КоВ-2 специфични гени – N и E, кои ги има само во коронавирусот и ниеден друг вирус.Мешање е неможно. Ако се испитува со ПЦР тест, тогаш сигурно се детектира коронавирус и ниеден друг.

На специјалната веб-страница на Владата посветена на коронавирусот пишува дека:

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Ковид-19 примарно се шири преку капки на плунка или секрет од носот на заразена личност, кога тој ќе кивне или ќе кашла.

Коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен акутен респираторен синдром (САРС).

Сосема е нелогично е да се тврди дека „ковид е измама“ во ситуација кога во многу земји има сè повеќе заразени, особено со делта сојот, кога во ниту една земја населението не е целосно вакцинирано, а во одредени сиромашни земји има многу мал процент на вакцинирани. Следствено на тоа, секојдневно расте бројот на заразени, како и на смртни случаи како последица од самиот вирус.

Особено стана проблематично за теоретичарите на заговори, кои ја пласираат оваа немедицинска и ненаучна теза, да го проблематизираат постоењето на коронавирусот, затоа што во многу фамилии во земјава се појавија случаи на заразени. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите и параметри кои укажуваат на клиничка слика од ковид, некарактеристична за други болести.

Медицински професионалци посочуваат на симптоми, на клиничка слика и на начин на кој се манифестира болеста. Тие најдиректно се соочуваат во секојдневната пракса со пациенти коишто лично ги лекуваат од ковид и свесни се дека болеста постои.

Во  март минатата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, тогаш имаше 118.000 заразени во 114 држави, а бројот на починати лица достигна  4.291.

Вирусот мутира, а моментално во земјите ширум светот е доминатна варијацијата на делта сојот, којшто е присутен и кај нас. Овој сој го донесе четвртиот бран на пандемијата во Македонија за време на кој се регистрирани нови случаи на заразени и починати лица. На удар на вирусот сè повеќе се и младите луѓе, поради што Министерството за здравство апелираше граѓаните што помасовно да се вакцинираат.

Сите симптоми на ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот САРС-КоВ–2 може да ги погледнете на следниот линк. Исто така, вредно за напомена е дека по прележувањето на коронавирусот и негативизацијата на пациентот, постои можност и за состојба позната како долг ковид, која што се третира на Клиниката за пулмологија во Скопје. Повеќе информации за состојбата наречена долг ковид, „Вистиномер“ објави на овој линк.

Со оглед на тоа што постојат дијагностички потврдени случаи на ковид во целиот свет, вклучително и во Република Северна Македонија, постојат и сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид, глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, со оглед на тоа дека ковид е болест специфична и различна од сите други и со потврден и изолиран коронавирус, оценуваме дека постот што го рецензираме не е вистинит. Ковид не е измама туку болест предизвикана од коронавирусот. За напомена е и дека вакцината против ковид според македонските здравствени власти го намалува ризикот од тешки ковид компликации и смртен исход од ковид 19, наспроти апелот во постот кој го рецензираме да се одбиваат вакцините, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ