Сојот омикрон е исклучително заразен, но веќе се согледува дека предизвикува благи симптоми. Сѐ уште нема податоци како делува на постари и хронично болни лица. Кај нив веројатно би предизвикал потешка болест – исто како кај сезонскиот грип. Затоа, тие треба да внимаваат и да се заштитат, вели д-р Драган Даниловски во разговор за „Фокус“.
Во однос на тоа дали треба да се преземаат нови рестриктивни мерки, доктор Даниловски тврди дека вирусите и нивните варијанти не ги почитуваат националните граници.
Ограничувањата за патување може да помогнат да се забави ширењето на варијантата. Но, бидејќи првите случаи во Боцвана беа откриени во средината на ноември, а летовите дури сега се запираат, може реално да се претпостави дека омикрон веќе е транспортиран во други делови на светот, вели тој./СП