Невакцинираните Грци кои до 16 јауари 2022 година нема да закажат термин за вакцинација со прва доза од вакцината, секој месец ќе плаќаат административна казна од 100 евра, е новата мерка за невакцинираните во Грција што денеска ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и воедно воведувајќи задолжитена вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис објасни дека парите, законски, ќе одат во специјален фонд од кој ќе се финансираат болниците и истакна дека не станува збор за казнување, туку за заштита.
Дополнително, најави бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за вакцинираните во пресрет на божиќните празници.