• Latest

Инфомакс со „кратки нозе“ за автобуската трагедија, цела листа на патници објавени како настрадани

December 1, 2021

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Инфомакс со „кратки нозе“ за автобуската трагедија, цела листа на патници објавени како настрадани

December 1, 2021 18:09
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на настраданите во трагичната несреќа на автопатот во Бугарија, како и во претходни несреќи, беше предмет на шпекулации и дезинформации. Дали се 44, 45, или 46 жртви? Без да заврши официјално идентификувањето на телата на настраданите, во моменти кога нивните семејства а и јавноста се под силни емоции,  дел од медиумите градеа интерпретации и објавуваа неточни податоци за бројот на жртвите. Во некои од објавите, медиумски настрадаа и преживеаните.

Таков е примерот со написот на Инфомакс со наслов „Познат идентитетот на зaгинaтите во автобуската нecpеќа во Бугарија“ објавен на 23 ноември 2021, во кој се тврди дека: „Алсат телевизија ги објави имињата на настраданите во автобуската несреќа која што се случи во Бугарија“.

Меѓутоа, Алсат не ги објави имињата на настраданите, туку списокот на сите 52 патници кои се превезувале со автобусот. Иако насловот на Алсат е јасен „Список на патници кои се превезувале со автобусот кој изгоре во Бугарија“, а беше познато и дека сите 52 патници не настрадале, Инфомакс објави список од 52 имиња со наслов „познат идентитетот на зaгинaтите“ и со опис „имињата на настраданите“.

Практично, Инфомакс ги прогласи за настрадани и преживеаните патници од несреќата, што е тешка дезинформација и скандалозно непочитување на новинарскиот кодекс.

Го издвоивме овој пример како најбрутален, иако критика заслужуваат и другите медиуми што шпекулираа со бројката на настраданите без целосно завршена идентификација на телата. Тоа е спротивно на етичките стандарди, но и нехумано, особено кон семејствата на жртвите. Да се надеваме дека ваквите трагедии и начин на известување ќе ги гледаме што помалку.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ