Граѓаните од скопската населба „Тафталиџе“ 1, во Општината Карпош, во неделата се собраа да го изразат своето незадоволство и револт против самоволието на општинските власти, кои сакаат да го узурпираат нивниот парк и да го уништат зеленилото со изградба на станбена зграда.
Жителите на населбата и со петиција решија да и се спротистават на неправдата што им се нанесува. Според претставници на граѓаните, петицијата ја потпишале голем број соѓраѓани од целата општина кои сакаат да го заштитат зеленилото. Како дел од протестот на граѓаните, во неделата бил организиран и музички хепенинг со DJ Irie Scratch и Beta House, на големо задоволство на помладите жители.
Граѓаните се надеваат дека протестот и петицијата ќе вродат со плод и дека ќе успеат да го заштитат својо парк, кој им служи за одмор и рекреација.
Даниел Аврамов