• Latest

ГРЕКО: Пандемијата и понатаму е плодно тло за корупција

December 10, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ГРЕКО: Пандемијата и понатаму е плодно тло за корупција

December 10, 2021 13:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владите ширум светот беа принудени да преземат итни и вонредни мерки во врска со пандемијата на коронавирусот, што го зголеми ризикот од корупција, и затоа мора да го почитуваат законот и да дејствуваат транспарентно и одговорно, соопшти антикорупциското тело на Советот на Европа, ГРЕКО (Група држави против корупција).

Во изјавата по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата на 9 декември, претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, предупреди дека ризикот од корупција поврзана со пандемијата останува висок, особено во здравството и мерките што ги преземаат владите за ублажување на економските последици од пандемијата.

„Додека владите се соочуваат со последователните бранови на пандемијата Ковид 19 и мора брзо да дејствуваат, тие редовно прибегнуваат кон итни мерки. И покрај исклучителната ситуација, од клучно значење е владите целосно да го почитуваат законот и да ги засноваат своите постапки на принципите на транспарентност, надзор и отчетност“, изјави претседателот на ГРЕКО.

Мрчела наведе дека, кога станува збор за корупцијата, најчувствителни области се доделувањето на договори за јавни набавки, судирот на интереси и лобирањето. Тој додаде дека насоките за спречување на корупцијата во пандемијата, објавени од ГРЕКО во април 2020 година, се уште се клучни за борбата против корупцијата во јавниот и приватниот сектор.

Во тие упатства, ГРЕКО предупреди на формите на корупција кои се особено погодени од пандемијата, како што се јавните набавки, корупцијата поврзана со здравствените институции, корупцијата во истражувањето и развојот на лекови и вакцини, измамите со лажна медицинска и заштитна опрема и лекови. Беше посочена и важноста од посебна заштита на укажувачите, односно лицата кои пријавуваат корупција и посебната улога што во тоа ја имаат медиумите.

Во соопштението се вели дека до крајот на оваа година ГРЕКО ќе усвои извештаи за состојбата во областа на корупцијата во владините тела, вклучително и највисоките носители на извршната власт, и за спроведување на законот за 23 од 50 земји-членки.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ