• Latest

Димушевска: Институциите имаат одговорност да ја вратат довербата на жените жртви на насилство

December 11, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димушевска: Институциите имаат одговорност да ја вратат довербата на жените жртви на насилство

December 11, 2021 12:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Би се осврнала накратко на состојбата со насилството врз жените, генерално за законската регулатива и постапувањето на институциите па делумно би се надоврзала на она што го спомна Драгана, а тоа е недовербата којашто постои, и нискиот степен на пријавување на различните форми на насилство. Македонија како држава ја ратификуваше Истанбулската  конвенција, веќе добро позната за сите, нема да навлегувам во тоа што конвенцијата носи, само ќе напоменам дека е првиот меѓународен документ којшто ги регулира различните форми на насилство врз жени, вклучително и семејното насилство, и дава препораки за државите, како да обезбедат најсеопфатна и најбезбедна заштита за жртвите.

Македонија ја ратификуваше во 2017, стапи на сила во 2018 година. Согласно тоа, беше развиен национален акциски план за имплементација на конвенцијата, што всушност значи усогласување на националното законодавство со препораките од Конвенцијата, како и започнување на воспоставување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство.“, вели  Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, на панелот на ЦИВИЛ “„Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.

 

„Планот, како документ, е петгодишен, и ја започнува својата важност во 2017 година до 2023. Ние како Мрежа направивме два извештаи за следење на имплементација на овој документ, а наодите се навистина загрижувачки, иако, за нас можеби и не се многу изненадувачки. Затоа што, за една држава да го постави системот на заштита и на ниво на законска регулатива, и на ниво на сервиси, мора да го разбере ова прашање. Да ја разбере важноста на поставување на сите овие прописи и сервиси, и што тоа значи. Тоа во суштина значи дека треба да го стави како приоритетно прашање во својата агенда. За жал, после толку години, и тоа не зборувам само од 2017 кога се ратификуваше Конвенцијата, туку за почетокот на деведесеттите години кога женските организации почнаа да зборуваат за семејно насилство, а во 2004 за прв пат беше регулирано во кривичниот законик семејното насилство, па понатаму, со сите обуки, со сите национални акциски планови коишто се направени, она што сега, на крајот на 2021 можеме да го заклучиме, е дека ова прашање ниту било, ниту  сега во моментот е приоритет.

Напорите коишто ги вложуваат институциите, се минимални, речиси непостоечки. Секако, има институции коишто вложуваат поголеми напори, но има институции кои воопшто не го сметаат ова прашање како важно, и дека треба да се вклучат. А сите, и ние присутните, а верувам и оние коишто не слушаат, знаеме дека насилството врз жените е општествен проблем, не е проблем на жртвите, не е проблем на жените. Е проблем во кој треба сите да се вклучиме.“, се осврна Димушевска на (не)функционалноста на институциите во однос на третирањето на жртвите на насилство.

„На крајот на 2021 година, доаѓаме до состојба каде што во поголемиот дел од Македонија нема пристапни и достапни специјализирани сервиси и услуги за жени кои преживеале насилство. За да го пријават насилството, за да дојде воопшто до моментот на пријавување, на некои жени им е потребно да разговараат со некого, да им биде објаснета постапката, да бидат информирани. Затоа што на крајот, информацијата е најважна, да знаат како можат и како ќе бидат заштитени. Тоа, најголем дел од жените не можат да го исполнат како право, да ја добијат информацијата, и согласно постоечкиот систем на заштита, да ја добијат и заштитата за којашто имаат потреба.

Нашиот фокус на работа, е застапување за соодветни измени во законската регулатива, она што би го спомнала е дека можеби на хартија, законите коишто ги поседуваме, во одреден дел и не се толку лоши, но тоа што се случува на терен, е навистина загрижувачко, и  застрашувачко.

Недовербата во институциите постоела многу години наназад, и тој степен на недоверба само се зголемува. Тоа значи дека одговорноста на институциите, но и на луѓето што работат во тие институции, независно дали се тоа министерствата, или нивните подрачни единици, нивна одговорност е да ја вратат довербата, дека, доколку жртвата дојде во институцијата, ќе биде соодветно примена, информирана за сите можности за заштита, и истите ќе и бидат понудени“, изјави меѓу другото Димушевска.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ