Дали жените си ги знаат своите права? Колку се заштитени жените во семејствата, општеството, работните места, во брачните заедници? Што се прави за намалување на нееднаквоста во однос на правата на жените во земјава, за трајни решенија во однос на дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво?, се дел од темите на кои се дискутира на панелот на ЦИВИЛ – „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.
Драгана Стојчевска, режисерка, вели дека многу и е важно да се вклучуваат женски главни ликови на театарските претстави.
„Две години работам на проект и истражувам злоупотреба и вознемирување на жени на факултет и на работните места.
Откривме дека група на студентки беа уценувани од своите професори за да добијат оценка, но од страв не го кажуваат тоа.
Собравме над 500 искуства на жени кои беа вознемирени на нивното работно место и најголемиот дел од жените имаат страв јавно да зборуваат бидејќи се плашат од своите претпоставени, не само од мажите туку и од жените кои им се претпоставени.
Направивме јавен перформанс и поголемиот дел од жените не сакаа да зборуваат или ако се одлучат да зборуваат тогаш избираа зборови. Институциите треба да работат и да ги заштитат жените жртви.
Внимававме при истражувањето да бидат заштитени жените кои јавно зборуваа или ни пишуваа, дури на дијалектот внимававме да не се препознае некоја жена жртва“, истакна Драгана Гунин.
Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, вели дека Македонија ја ратификуваше Истамбулската конвенција и наодите од имплементацијата на овој документ е застрашувачки.
„Недовербата во институциите постоела и таа недоверба постојано расте. Ситуацијата ни се менува и ние самите одлучивме да ги менуваме работите. Ние отворивме две Женски центри во Скопје и Тетово, со цел да им обезбедиме целосна подршка на жените жртви кои ќе одлучат да го напуштат насилникот“, истакна Димушевска.
Нора Калиќи од иницијативата „Ајо“, вели дека за правата на жените треба да се зборува постојано а не само овие 16 дена активизам.
„Од иницијатива, „Ајо“ прерасна на интернет портал каде што се објавуваат текстови за правата на жените. Вака преку онлајн портал сметаме дека полесно ќе ја подигнеме свеста на жените, за нивните права, едукација. Овие теми се уште се табу во нашето општество“, истакна Калиќи.
Алмира Фазли од Иницијатива на жени Шуто Оризари, вели дека од следната година ќе бидат самостојна невладина организација, и ќе се отцепат од ХЕРА со кои соработуваат 12 години.
„Работиме пред се на сексуално и репродуктивното здравје на жената Ромка и дискримиминацијата на здравствените работници кон ромската заедница. Им овозможуваме и на жените Ромки да изврѓат бесплатни гинеколошки прегледи. Им пополнуваме документи и на лица кои не знаат да пополнат одредени документи, често знаат институциите да им ги вратат документите бидејќи пишуваа со молив или црно пенкало“, вели Фазли.
Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет вели дека за случајот „Јавна соба“ видовме лавина на реакции дека вината се префрла на жртвите.
„Индексот на нееднаквост во општеството, во споредба со другите земји во светот ние сме под просекот. Како илустрација на родова нееднаквост ќе го наведам податокот дека само 5 проценти жени имаат земјоделско земјиште.
Шампиони сме по хомофобичност и трансфобичност. Хомофобичноста води и кон насилство кон жените.
Тинејџерките кај нас ги прифаќаат традиционалните родови норми, за разлика кај тинејџерките во светот. Секоја трета млада Македонка или секоја втора Албанка прифаќа да им се даде предност на мажите“, вели Кениг.
Весна Попоска, деканка на Правен факултет, вели дека храбро е денес да се зборува за човекови права и за женски права.
„Јас сум првата жена што докторирала на Воена академија, што е „машка“ професија. Родовата еднаквост не е само бројка. Ако веќе се избориривме за некаков родов квантитет, треба да се бориме и за родов квалитет.
Жртвите не им веруваат на институциите. Видовме дека во преговорите за нова Влада, ниту еден политичар или министер не истакнаа ниту едно име на помалите етнички заедници, да им се даде одредена функција. Национализмот носи сензиционализам и не носи ништо добро.
Имавме лица кои револуција ќе кренат заради промена на името на државата, но никогаш не можат да замислат жена им да си го задржи презимето, нагласи Попоска.
Рита Бехадини од Mollëkuqja (Бубамара), новинарка и презентерка во Алсат М, вели дека многу малку се зборува за девојките кои се сексуално вознемирени на онлајн.
„Со кампањата „Seen“ откривме дека најголемиот дел од испитаниците препознаваат сексуално вознемирување. Анкетираните девојки најчесто пријавуваат во семејството дека се вознемирувани на социјалните мрежи, потоа доаѓа полицијата, а мал дел пријавуваат во медиумите или некоја невладина организација“, посочи Бехадини.
Стојна Митева од Скај плус Струмица, вели дека се повеќе стануваме несензибилни и недоволно зборуваме за родово базирано и семејно насилство.
„Жените жртвите кои решиле да пријават, веќе во второто рочиште им се менува изјавата. Во средните училишта е прифатливо женските да бидат удирани по задник“, вели Митева.
Пораки од учениските за перспективите во 2021
Постојана едукација на млади луѓе, и искоренуваме на патријархализмот во нашето општество, Драгана Гунин.
Заедничка одговорност е на сите да се бориме за жртвите да добијат целосна заштита, Елена Димушевска.
Полето на делување на жените е тесно поло, и треба целата борба да се фокусира на подобрување на условите на жените. Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга“, Нора Калиќи
Би повикала на заедничка акција кон транформација на културните вредниости, и да направиме да биде срамота да има некој сексистички пристапи, Николина Кениг.
Доколку сакаме промена мораме да почнеме од самите себе, да ги научиме нашите синови да не ги тепаат своите девојки, отколку да ги учиме ќерките да бидат послушни, Алмира Фазли.
Институциите да имаат ефективна кривична правда кон сите кои атакуваат жени, Весна Попоска.
Да не молчиме кон родово базираното насилство, бидејќи тоа не е приватна работа, Стојна Митева.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.