• Latest

Повеќе портали со „кратки нозе“ за порастот на цената на еврото

December 12, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Повеќе портали со „кратки нозе“ за порастот на цената на еврото

December 12, 2021 11:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 8 декември 2021, повеќе портали објавија информации дека „Цената на еврото надмина 62 македонски денари“.

Курир објави содржина со наслов „Еврото надмина 62 денари“. Ист наслов објави и Маркукуле: Евpoто надмина 62 денapи,  а идентичен наслов објави и Нетпрес Еврото надмина 62 денари  Денешен, пак напиша:  „СТАБИЛНО И ПОД КОНТРОЛА“: Еврото надмина 62 денари.  Дел објавија и табела на Народна банка од 07.12, за курсеви при вршење на платниот промет со странство за потребите на државните органи, од кои се гледа дека продажниот курс е над 62 денари.

Меѓутоа,  Народна банка на Република Северна Македонија ги демантираше овие информации како погрешни.

„Погрешни се информациите кои излегоа на некои од порталите и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Н.банка изнесува 61,69ден. и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Н.банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута.“, се вели во демантот на Народна Банка.

Ако се погледне курсната листа за платен промет со странство за државните органи во претходните месеци, може да се види дека продажниот курс во денари бил над 62 и претходно, на пример, на табелата од 23 септември 2021. Оттука, невистинито е и тврдењето изнесено во некои од написите дека ова е највисока цена на еврото во последните 5 години.

И Народната банка е во право. Порталите во случајов направија сензационализам со податоци од несоодветна табела. А место за сензационализам нема.

Но она за што секогаш треба да има место е одговорност и внимателност, и на институциите, и на медиумите, но и на публиката, особено со финансиски дезинформации кои знаат да поттикнат и вештачки финансиски потреси, па дури и редици пред банки и менувачници. Во случајов, Народна банка реагираше на време јавно за да спречи  непотребна загриженост или паника. За жал, и овој пат потфрлија повторно – медиумите.

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ