• Latest

Доделени наградите за најдобри новинарски содржини на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

December 16, 2021
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025
Фото; Фејсбук

Шумските пожари во ЕУ во 2025 уништија 511.000 хектари

August 15, 2025

Локални избори 2025: Како да ги проверите и коригирате податоците во Избирачкиот список

August 15, 2025

Повеќето Американци не му веруваат на Трамп во справувањето со војната на Русија против Украина

August 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври

August 15, 2025
Фотографија: ДКСК

ДКСК ја избра Цвета Ристовска за заменик претседателка

August 15, 2025

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Доделени наградите за најдобри новинарски содржини на тема „Справување со загадувањето на воздухот“

December 16, 2021 15:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поради предизвиканата гледаност и рекации од страна на институциите, новинарската содржина изработена од страна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го освои првото место на денешното доделување на наградите од конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Проектот има цел зајакнување на координацијата меѓу сите одговорни страни со цел да се надмине проблемот со загадувањето на воздухот и загадувањето воопшто.

– Ние во ИРЛ сме фокусирани сме на креирање на иновативни медиумски содржини иако екстремно ја почитуваме старата школа сметаме дека треба малку повеќе да се отвориме кон новото време кон новите предизвици, бидејќи нашиот главен фокус на работата и на овој документарец беше како да креираме импактна содржина не е доволно новинарите да го направат само најдоброто истражување, важно е како ќе ги сервираме тие податоци за да имаме влијание, истакна претставникот на репортерската лабораторија кој ја прими наградата.

Второто место му припадна на Бојан Шашески од МОФ за истражување кое се однесува на напуштениот рудник во Лојане кој не работи, но загадува околу себе, додека трето место место го освои Христина Ѓорѓиевска од „Види вака“ за серијалот „Заробените бели дробови на градот“ во кој акцентот е ставен на бетонирање на јавното зеленило.

– Загадувањето во земјава е во тесна коорелација со корупцијата, во спрега со моќниците, а последиците ги трпиме сите. Ако ние новинарите сме гласот на јавноста за која работиме тогаш сум сигурен дека во следниот период многу посуштински ќе треба сите да се занимаваме со овие теми и на еден начин за во иднина да можеме да кажеме дека навистина влијаеме во општеството и им служиме на граѓаните на најдобар можен начин, изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадикоски.

На доделувањето на наградите покрај претставниците од ЗНМ и комисијата ,присуствуваа и амбасадорката на Шведска во државава, Кристин Форсин Бејнстон и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан.

Амбасадорката Бејнстон потенцира дека чистиот воздух е пресуден и суштински за човештвото, нагласувајќи дека аерозагадувањето е проблем кој во Европа предизвикува дури и до 400.000 предвремени смртни случаи.

– Пред неколку години Скопје, Тетово и Битола беа рангирани како најзагадените градови во светот, потребно е неодложно дејствување и итен приоритет за сите фактори и чинители во општеството аерозагадувањето може да се спречи и кпонтролира и тоа е најважната стратегија за одење во иднина. Шведска дава поддршка и помош за намалување на аерозагадувањето како во светот, така и во Македонија преку рамката за развојна соработка, рече шведската амбасадорка.

Наградите во име на Комисијата за избор на новинарските текстови ги додели Горан Михајлоски, кој истакна дека одлуката за наградите била едногласна. Тој воедно се осврна на проблемите со кои се соочува новинарстовот во државава кога станува збор за изработката на  истражувачките текстови.

– Повторно се доведовме во ситуација речиси сите стории да се направени од независни новинарски проекти кои што се спонзорирани од странски донатори, што повторно укажува на тоа дека поголемите редакции не посветуваат внимание на истражувачкото новинарство, а помалите во битката за кадар и финансии едноставно не можат да се посветат толку, заклучи Михајлоски.

Дополнително, покрај трите награди, Азрен Челику доби благодарница поради креативнитата серија видеа, во кои како автор му пристапува на проблемот со аерозагадувањето преку најмладата популација, децата.

Конкурсот на тема „Справување со загадувањето на воздухот зајакнување на јавнта свест за проблемите и  можните решенија како да се подигне свеста за постоечкиот проблем и најдобрите начини за негово решавање“ беше објавен од ЗНМ во соработка со програмата за развој на ОН.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ