• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Гробари на правото

December 20, 2021
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Гробари на правото

December 20, 2021 08:00
in АНТИКОРУПЦИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Да повторам, институциите вредат толку колку што вредат луѓето кои работат во нив. Институциите не се апстрактни творби кои на волшебен начин треба да работат за граѓаните и да ги задоволуваат нивните потреби. Тие се збир од луѓе кои извршуваат одредени работни задачи. Во моментот кога ќе кажеме дека институциите не работат добро, тоа значи дека луѓето кои ги сочинуваат не работат добро. Од најразлични причини. Едноставно – институциите не постојат надвор од работата на тие луѓе.

Институциите не можат да ја извршат работата заради која се формирани тогаш кога:

  • Во нив работат луѓе кои не си ја знаат работата, кои не сакаат да работат, кои се корумпирани и/или лошо организирани.
  • Со нив управуваат луѓе кои немаат знаење и/или искуство за дадената функција, кои се корумпирани или едноставно се потполно незаинтересирани за извршување на обврските.
  • Законите со кои се регулира нивното функционирање се лоши, застарени, недоработени, …

Првите две причини се реални, а третата е најчесто само изговор за лошата кадровска политика, лошото работење, лошите резултати и незадоволните граѓани.

Има закони. И тие се во голема мера и соодветни и доволни и добри. Во соодветните закони се дадени доволни мерила, критериуми и процедури кои треба да обезбедат во институциите да се вработуваат и со институциите да раководат соодветни кадри.

Меѓутоа, тоа што упорно го прави секој (читај: секој) кој ќе дојде на власт е да ги прекрши законите, и потоа да ја префрли вината на лошите законски решенија и да направи промени кои веќе наредниот ден повторно ќе ги прекрши.

Директорски смени во скопските јавни претпријатија, Законски или не – како почна смената на директори во битолските училишта, Пет директори на битолските јавни претпријатија сменети со еден потег.

Нови градоначалници – стара пракса.

Не е проблемот во тоа дали според закон градоначалниците имаат право да именуваат директори на јавни претпријатија, или директори на училишта. Градоначалниците ја имаат таа надлежност. Го имаат тоа право. Според закон.

Проблемот е во тоа што во законот се точно наведени причините заради кои може да биде разрешен директор на јавно претпријатие или на училиште.

Значи, дадената надлежност градоначалникот да именува директори не е доволен основ за тој да може кога сака и по свој ќеиф да ги разрешува. Мора (читај: МОРА) да е исполнета барем една од причините наведени во законот, и тоа да биде докажано и утврдено во соодветна процедура. Сè друго е политичко самоволие, многу често значи казнување на доброто работење, и во секој случај значи злоупотреба на дадените ингеренции (што може да биде основ за кривичен прогон).

Уште поголем проблем е што после ваквиот вид разрешување секогаш (читај: СЕКОГАШ) следи партиско именување.

Партиски именуваниот директор е должник. Должник на партијата, на градоначалникот, на тој кој што го довел на местото на кое се наоѓа спротивно или со заобиколување на законите. И долгот мора да се исплати. Во некој момент. И најчесто мора да се плати со камата.

Партиски именуваниот директор дошол на тоа место со акт на корупција и не може а да не ја корумпира институцијата со која раководи. Корупцијата станува дел од функционирањето на таа институција и секој соработник и секој подреден станува порано или подоцна, соучесник во актот на корупција. Корупцијата продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа на институцијата со што таа престанува да биде институција и се претвора во партиска ќелија.

Партиски именуваниот директор најчесто нема врска со материјата на институцијата со која управува, нема знаења, искуство или и двете. За да може да  манифестира авторитет и да раководи со институција која не ја разбира тој мора да се опкружи со кадри кои на исто па дури и пониско ниво од него разбираат што треба да се работи, како да се работи и која е функцијата на постоењето на таа институција. За да не го контролираат, да не оспоруваат, и секако, да не му се смеат.

Партиски именуваниот директор не одговара пред граѓаните, не одговара согласно законските определби. Тој не одговара за квалитетот на своето работење. Тој одговара пред партијата за нивото на извршување на партиските задачи и партиските барања. Кои немаат врска со квалитетот на работење и со резултатите кои треба да ги достигне институцијата.

Она што мора да го разберат граѓаните е тоа дека разрушените, нефункционални и корумпирани  институции се во полза на моќниците (дури и тогаш кога им се чини дека во моментот добиле некоја бенефиција или ситен ќар, дури и ако ги вработуваат нивните сопствени деца и блиски). И мора да разберат дека утре нивните деца на ист начин и без никакви образложенија ќе бидат разрешени/отпуштени од истите тие или некои други моќници кои ќе бидат во моментот на власт.

Она што сега треба да се направи е граѓаните да бараат ригидно спроведување на законските одредби. И да иницираат постапки за секое прекршување на законите. Упорно. Одново и одново. За најмал проблем.

Не, не може да биде разрешен директор на училиште или на јавно претпријатие затоа што градоначалникот ја има таа надлежност. И не, не смее да се молчи за ниту едно вакво разрешување.

Само на тој начин може институциите од партиски ќелии да станат структури кои работат за граѓаните и само на тој начин можеме од партиска да преминеме во демократска држава.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ