• Latest

На „Отворен Балкан” потпишани пет договори за регионална соработка, полицајци и цариници приведени за криумчарење и трговија со наркотици, доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

December 21, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

На „Отворен Балкан” потпишани пет договори за регионална соработка, полицајци и цариници приведени за криумчарење и трговија со наркотици, доделена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

December 21, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Заев, Вучиќ и Рама: Договорите од Тирана ги поврзуваат нашите граѓани, го окрупнуваат нашиот пазар и ги поврзуваат економиите во регионот според најдобрите европски вредности

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев учествуваше на заедничката прес-конференција со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија, Еди Рама на која информираа за резултатите од Самитот „Отворен Балкан“.

Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија,  Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Со овие договори, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев, им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан” со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

„Отворен Балкан“ е процес од кој нема враќање. Нема ниту една причина да го напуштиме патот кој води кон исклучително блиска соработка во регионот. Нема зошто да отфрлиме пат кој води кон бришење на границите како административни бариери и кој ќе ни ги овозможи четирите слободи за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Во силните потенцијали на „Отворен Балкан“ остануваат идеите што веќе ги разговаравме и кои треба да бидат дел од следната фаза на нова, значајна соработка„, изјави премиерот Зоран Заев, на заедничката прес конференција на „Отворен Балкан“во Тирана.

*

„Парите потрошени за вооружување на државите треба да се пренасочат кон образованието“, порача денеска папата Франциск во својата годишна мировна порака, осудувајќи ги растечките воени трошоци.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МВР Во големата полициска акција што се спроведува од претпладнето полицијата приведе десет лица од Куманово, Скопје и Тетово меѓу кои и полициски и царински службеници. Деветмина се сомничат дека извршиле кривично дело криумчарење, а тројца од нив за неовластена трговија со прекурсори, а кај еден бил пронајден и одземен кокаин.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска донесе одлука за запирање на предметот против поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата.

ПРИЗНАНИЕ На публицистите Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски и новинарите Аделина Марку и Марјанчо Николовски денеска им беше врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Припадниците на турската заедница во земјава денеска го одбележуваат Денот на настава на турски јазик, кој е единствен национален празник на Турците во Република Северна Македонија и од 2007 година е неработен ден за нив. Честитки стигнаа од државниот врв на Република Северна Македонија до припадници на турската по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

ДОГОВОР Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз, денеска во Скопје го потпишаа Договорот меѓу двете влади за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.

АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ одржа панел дискусија „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“

Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое дискутираат Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришиќ – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“. Настанот го модерираше Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Европски вредности на улица „Македонија“ во Скопје

Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, на улица „Македонија“ во Скопје.

На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервјуто на Зоран Иванов со Гоце Михајлоски, главен и одгворен уредник на престижната „Канал 5“ Тв.

Тој зборува за: Новинарскиот пат од нула до главен уредник, зависноста на медиумите и слободата на новинарството, страничните влијанија врз уредувачките политики, актуелните политички случувања и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Впечаток е дека и Ковачевски ќе составува „бизнис-менаџмент“ раководство на СДСМ, без многу постари, искусни партиски кадри, со познавања на пошироки „општообразовни“ теми (култура, историја, дипломатија, филозофија, идеологија…). Таков кадровски терк воведе Заев, што катастрофално му се одрази на профилот, а и перцепцијата за компетентноста на партијата во пошироката јавност (вон „дуинг бизнис“/докторските области), но во случајот на Ковачевски, барем на почетокот, факт е дека дискусијата во партиското раководство може да биде пожива и „поконсултативна“, во споредба со резервите на младите социјалдемократи пред досегашниот неспорен лидерски авторитет на Заев. Под услов Ковачевски и навистина, суштински да го преземе раководењето на партијата од и понатаму „активниот член“ Заев“, пишува Сашо Орданоски во колумната „А, што ќе се случува во СДСМ?“.

„За газдите на пропагандистите, непријатели се токму тие што вредно работат на одбрана и унапредување на човековите права и слободи. Пропагандата има задача да ги уништи тие идеи. Мора да ги уништи. За нив се страшни недискриминацијата, мултикултурализмот, европските вредности, социјалната правда, антинационализмот, одржливиот развој…

Не се добри и секако не се чисти нивните намери. Дури и кога ќе направат добра поента, тие ја прават не затоа што се засегнати со некоја неправда, туку затоа што се борат за позиција тие самите да прават неправда. Се обидуваат да ги фрлат во заборав или да ги релативизираат насилствата и криминалот во минатото. Се разбира, да ги затскријат и сопствените недостатоци – неписменост, неспособност, неморал… На подолг рок, тоа им ја дава можноста полесно да ги „правдаат“ своите недела и криминал, ако дојдат до позиции на моќ“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ насловен „Душегрижници“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ