• Latest

Ивановска: Власт се освојува, демократија се учи, а ние имаме уште многу да научиме

December 24, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ивановска: Власт се освојува, демократија се учи, а ние имаме уште многу да научиме

December 24, 2021 11:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска на презентацијата на ЦИВИЛ за анализите и препораките за Локалните избори 2021, ја претстави работата на Комисијата во текот на изборниот процес.

„Како што знаете, согласно нашиот закон, треба да го следиме изборниот процес и да ја следиме кампањата односно финансирањето на изборната кампања. За таа цел, државната комисија имаше поддршка од ИФЕС, и организираше конкурс на кој се пријавија околу 17 до 20 набљудувачи. Имаме и аналитичари кои во моментов работат на анализа на прибраните податоци. Од друга страна се организиравме добро да ги следиме изборните сметки на политичките партии за тоа кои име се донатори, за таа цел добивме пристап до банкарските сметки, на дневна основа, и го следевме секој прилив на нивните сметки. Бевме електронски поврзани со бирото за вработување, како и министерството за труд и социјална политика, со цел да го избегнеме ризикот некои невработени или социјално загрозени лица, да се најдат на листата на донатори, како што впрочем бевме сведоци во изминатите години. Исто така, соработуваме со другите институции, како што е управата за финансиско разузнавање, коишто го следат текот на парите, а ќе видиме што ќе произлезе од сето тоа.“, вели Ивановска.

Според Ивановска, ДКСК забележува дека одредени активности на политичките чинители за време на изборниот процес, се направени во согласност со законите, но се преклопувале со временскиот период на изборниот процес, за што сметаат дека има влијание врз гласачкото тело.

„Го следевме и однесувањето на избраните и  именуваните лица од аспект на тоа дали се почитувани одредбите од законот, односно, дали има ситуации на злоупотреба на државни ресурси, канцеларии, средства, патнички возила итн. Го обновивме и регистарот на службени возила од сите институции, добивме апдејтиран регистар, и следевме што се случува во меѓувреме. Имавме пријави од организатори на политички кампањи, отворавме предмети по сопствена иницијатива, а добивме пријави и од граѓаните, и  по сите овие пријави и предмети постапивме и завршивме, и всушност сите активности што беа спроведени во овој период, ќе бидат дел од посебниот извештај којшто ќе го доставиме до Собранието на Република Северна Македонија.

Што беше она што го одбележа периодов… Сите активности на институциите беа насочени во текот на предизборниот период. Во смисла на инвестициони активности. Во изборниот законик изричито стои дека се забранува започнување на изградби со буџетски средства. Сите планови за јавни набавки беа темпирани така да се случуваат во изборниот процес, се беше по закон, а тоа беше и влијание врз гласачкото тело. Бевме сведоци на бројни огласи за вработување, коишто се објавуваа ден пред започнување, или дури во истиот ден, наутро, како огласи за вработување, а веднаш потоа беа ставани во мирување, за што ние сметаме дека е големо влијание врз гласачкото тело, заради тоа што на тој начин се обезбедуваат гласачи, преку потенцијалните луѓе коишто сметаат дека ќе бидат вработени.

Имаше дури и користење на средства од ТАВ програмата, по склучени договори со локалните самоуправи, во кои договори стоеше дека активностите по тие договори ќе започнат по 27 јули, односно, периодот којшто точно се преклопува со изборниот период.

Немаше некои големи прекршувања на Изборниот законик, меѓутоа, овие случувања што беа по закон, сметаме дека го нарушуваа интегритетот на целиот изборен процес, и ја намалуваат довербата на граѓаните, меѓутоа, и говорат за политичката култура кај нас.“, посочи Ивановска.

Биљана Ивановска – ДКСК, на презентацијата на ЦИВИЛ за анализите и пепораките за Локалните избори 2021 / 23 декември, 2021

„Би сакала да напоменам дека само еден министер се јави за да се исконсултира како треба да се однесува, и кои се неговите ингеренции за време на изборниот процес, и толку.“

Ивановска се осврна и на етичкиот кодекс на политичарите за време на изборниот процес, во однос на извршување и спроведување кампањи и други службени обврски во, и вон работното време, и посочи дека во овој аспект, политичарите не се придржувале, односно не го почитувале Кодексот.

На крајот на своето обраќање, Ивановска најави дека ДКСК подготвува детален посебен извештај, којшто ќе биде доставен до Собранието.

„Власт се освојува, демократија се учи, а ние имаме уште многу да научиме, и како што спомна и Џабир, фали искреност и свест, се вистинските зборови коишто треба да ги исполниме, за да ја научиме демократијата и да имаме демократска власт“, порача на крајот од својот говор Ивановска.

Обработка на текст: Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ