• Latest
Џабир Дерала

Од тешко, потешко

December 27, 2021

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Од тешко, потешко

Помина една тешка, а пред нас е уште потешка година

December 27, 2021 12:00
in АНАЛИЗИ, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не грижете се, веќе е познато како ќе изгледа 2022 година. Светот ќе продолжат да го тресат постојните кризи, веројатно уште посилно.

Проблематичниот процес на вакцинација во сиромашните држави ќе им даде замав на новите варијанти на КОВИД.

Демократијата и демократските процеси во светот, како и во 2021 година, ќе бележат надолни трендови, отстапувајќи пред наездата на насилството, кршењето на човековите права и деспотските режими. На пример, Извештајот на Фридом Хаус 2021, констатира дека „меѓународниот баланс се помести во корист на тиранијата“.

Постојни и нови кризи

Освен постојните, ќе се разгорат и нови кризи, меѓу кои енергетските, климатските и воените ќе се чувствуваат на секоја педа од планетата. Несигурноста, сиромаштијата, недостатокот од храна и распадот на здравствените системи под ударот на пандемијата и на сите останати фактори, ќе се продлабочат и ќе ги погодат дури и најсилните и најбогатите.

За помалите и сиромашните, оваа година ќе биде тешка на сите можни начини што може да се замислат.

И цените на нафтените деривати ќе растат. Енергијата, мигрантите, пандемијата, економијата и пропагандата ќе бидат оружје за пресметка меѓу конфронтираните страни.

Дезинформациите и теориите на заговорот ќе продолжат да ги разградуваат општествата. Тие ќе им дадат „крилја“ на радикалните структури насекаде низ светот. Со тоа, ерозијата на демократијата и демократските институции ќе се забрза и ќе се прелее на улиците.

Оружјето ќе стане секојдневен „одговор“ на проблемите, со што дијалогот ќе биде истиснат од опциите за комуникација меѓу страните во споровите и конфликтите.

Оставаме една тешка и мрачна година, но следната ќе биде уште потешка.

Фрагилни и пропаднати држави

Од фрагилни, голем број земји ќе преминат во состојба на пропаднати држави (failed states). Повеќето се држави во Африка, Азија и Блискиот Исток, но и Европа се наоѓа на патот на овој бран (читај: Западен Балкан).

Според глобалниот Индекс на фрагилни држави, „неопходен предуслов за отпорност е залиха на социјален капитал.

Земја што не може да преземе колективна акција, популација што не е спремна да ја сподели жртвата – не може да биде отпорна, без оглед на тоа колку е добра економијата или колку доктори и респираторни апарати може да има.“ Бравурозна констатација, вреди да се запомни.

Хибридната војна меѓу Истокот и Западот

Хибридната војна меѓу Истокот и Западот влезе во нова, пожестока фаза. Од конфронтацијата меѓу САД и Кина веќе се наѕираат и првите последици. Во 2022 година, кинеската економија ќе ги покаже првите посериозни знаци на нестабилност, а тоа секако ќе се одрази на голем број економии во целиот свет.

Светот во овој момент одбројува денови до можната агресија на Русија врз Украина. Тоа ќе биде војна што нема да се задржи само во тој регион. Целиот свет ќе биде погоден од, сега веќе извесниот, воен конфликт.

А Северна Македонија?

Во Индексот на фрагилни држави, Северна Македонија се наоѓа на 108-мо место од 179 земји кои влегуваат во истражувањето. Но тоа нема потреба да ги загрижува ниту политичарите, ниту општествените фактори.

Ние и онака живееме на друга планета.

Каде што граѓанките и граѓаните се спремни заеднички да ги поднесат жртвите. Тие се медиумски и политички описменети и свесни. Иако се сиромашни. Политичарите се одговорни, корупцијата е искоренета, а сите предизвици се дочекуваат со план и стратегија чија имплементација е беспрекорна. Хм…

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ