• Latest

Спасовски: Секој организиран криминал завршува со тероризам

December 30, 2021

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Спасовски: Секој организиран криминал завршува со тероризам

December 30, 2021 16:38
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот. Разговорот со Министерот Спасовски е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

„Проблемот со неконтролираното ширење на малото и лесното оружје во последниве години се искачи меѓу првите места на меѓународната, регионалната и националната агенда. Од време на време сведоци сме дека пролиферацијата на малото и лесното оружје често пати е катализатор кој ги трансформира локализираните инциденти во глобални настани“ – изјави Спасовски за ЦИВИЛ.

Министерот информира дека за таа цел, глобалните и национални активности се важни, заедно со добро координирана национална и регионална соработка на сите агенции за спроведување на законот во зајакнување на контролата за производство и трговија со оружје, градење на стандарди за развој на ефективни системи за следење, размена на информации и транспарентност, споделување на најдобри пракси како и подигање на јавната свест преку спроведување на програми за промовирање и поддршка за намалување и контрола на оружјето во јавното образование.

„Ние како МВР спроведуваме активности на полето на контрола на мало и лесно оружје и во иднина ќе се продолжи активно со спроведување на сите планирани активности, со цел остварување на поголеми резултати во подигнувањето на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации“ – вели Министерот Спасовски.

Сите овие активности се предвидени во Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и Акциониот план на Република Северна Македонија за периодот 2017-2021 и по извршена евалуација на Стратегијата, веќе е започнат процесот на изготвување нова Стратегија за период 2022-2025 која ќе започне да се спроведува од 2022 година и истата ќе биде целосно усогласена со целите утврдени во Патоказот.

„Националната стратегија претставува општа рамка на активности на Република Северна Македонија насочени кон контрола, превенција и искоренување на пролиферацијата на малото и лесно оружје и неговите компоненти, како и муницијата. Истите претставуваат водич за унапредување на постоечките, како и за развој на нови мерки, механизми и инструменти за контрола, превенција и искоренување на пролиферацијата на малото и лесно оружје“ – посочи Спасовски.

Сузбивањето на криминалот од областа на недозволената трговија на оружје и муниција, вклучувајќи ја и употребата на оружјето во кривични дела од областа на организираниот криминал, насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и останатите области, претставуваат значаен сегмент во справувањето со ризиците и заканите по внатрешната безбедност на секоја држава.

Градењето и воспоставувањето на систем преку утврдување на процедури и механизми за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, имаат значајно влијание врз безбедноста. Токму поради овие факти, Патоказот ја донесува онаа додадена вредност за сите наши земји со оглед на фактот што со неговото спроведување ќе се постигне промена во истражувачкиот начин на размислување, ќе се воспостават механизми за фокусирање на оружјето и проактивно собирање, ширење и споделување на сите достапни информации преку еден интегриран систем за управување со информациите.

„Постои сериозна врска меѓу организираниот криминал и оружјето и тероризмот. На крајот на краиштата, секој организиран криминал завршува со тероризам. Така што, колку подобри механизми воспоставуваат државите, и во доменот на следење на малото и лесно оружје и на размена на податоците, толку повеќе ќе може да гарантира безбедност на граѓаните на државата“ – заклучи Министерот Спасовски.

Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ