• Latest

По новогодишните празници зголемен бројот на позитивни со Ковид-19, регистрирани нови 1.197 случаи, Омикрон детектиран кај осум пациенти

January 4, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

По новогодишните празници зголемен бројот на позитивни со Ковид-19, регистрирани нови 1.197 случаи, Омикрон детектиран кај осум пациенти

Инкубацискиот период соодветствува на предновогодишните славења и големата фреквентност во угостителските објекти

January 4, 2022 15:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи со Ковид-19, 12 починати и 331 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.

Од 1.197 новозаболени од Скопје се 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани.

Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.

Од 12-те починати, по три се од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), две од Охрид (68г и 79г) и по едно од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Од 331 оздравен пациент од Скопје се 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се три лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 02.01.2022г.

Направени се 7.483 тестови преку: ИЈЗ-342, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–8, Жан Митрев (Филип Втори)-167, Авицена-333, Биотек-447, Систина-145, лабораторија Лаор-451, Синлаб-68, Ремедика-16, Плодност-83, Генеа-39, Никоб лаб-677, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-130, Ројал Медика–70, Спектра-ММ-29, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.994.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а на активни случаи изнесува 5.667.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 100317, Активни 3135
Куманово 13187, Активни 109
Тетово 11454, Активни 64
Прилеп 10944, Активни 346
Битола 9484, Активни 419
Гостивар 8098, Активни 24
Велес 7569, Активни 130
Кавадарци 7534, Активни 212
Охрид 6910, Активни 256
Штип 6796, Активни 83
Струмица 6360, Активни 150
Кичево 4354, Активни 73
Кочани 4133, Активни 48
Струга 3959, Активни 39
Гевгелија 3002, Активни 116
Неготино 2663, Активни 47
Свети Николе 2161, Активни 20
Крива Паланка 1978, Активни 36
Ресен 1916, Активни 98
Радовиш 1834, Активни 43
Берово 1484, Активни 11
Делчево 1481, Активни 34
Дебар 1459, Активни 1
Виница 1180, Активни 2
Пробиштип 1145, Активни 6
Валандово 1061, Активни 56
Кратово 791, Активни 3
Богданци 698, Активни 31
Демир Хисар 651, Активни 17
Крушево 610, Активни 12
Македонски Брод 549, Активни 31
Демир Капија 439, Активни 6
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 178, Активни 3.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ