• Latest
Данела Арсовска, на седница на Советот на Град Скопје, извор: ФБ страница на Град Скопје

Арсовска ги крие донаторите на новогодишната прослава и трошоците за монтажните тоалети од новинарите

January 4, 2022

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Арсовска ги крие донаторите на новогодишната прослава и трошоците за монтажните тоалети од новинарите

January 4, 2022 16:58
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ТОП 5
Данела Арсовска, на седница на Советот на Град Скопје, извор: ФБ страница на Град Скопје

Данела Арсовска, на седница на Советот на Град Скопје, извор: ФБ страница на Град Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Кабинетот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не одговори на новинарски прашања за тоа кои биле донатори за новогодишната прослава на градскиот плоштад. Нема одговор ниту на новинарското прашање колку ќе ги чини скопјани поставувањето и одржувањето на јавните монтажни тоалети на повеќе локации во градот.

Редакцијата на Цивилмедиа, денеска претпладне, на наведената адреса на кабинетот на градоначалничката упати прашања за овие теми преку електронската адреса оставена за контакт со кабинетот на Арсовска на веб страницата на Град Скопје, а и телефонски во директен разговор со службеничка во кабинетот.

„Кои се фирмите донатори за новогодишната прослава на градскиот плоштад во Скопје? Дали Град Скопје има склучено договор за соработка во соодветна процедура со овие донатори, дали може тие документи да бидат дадени на увид на редакцијата и на јавноста воопшто? Дали за поставувањето на јавни тоалети низ градот има распишано тендер или дали има спроведено постапка за јавна набавка, кога е спроведена таа процедура, има ли документација за тоа и дали може јавноста да ги добие документите за таа јавна набавка?“, се прашањата упатени до кабинетот на Арсовска.

Дополнително, Цивилмедиа праша и по е-пошта и телефонски кај кабинетската службеничка во Град Скопје и за тоа колку ќе ги чини граѓаните поставувањето на јавните тоалети и нивното одржување, дневно, месечно или годишно, во зависност од тоа каков тип договор е склучен.

До крајот на работното време, иако не се работи за податоци за кои треба многу време за да се пронајдат и достават до јавноста, одговор на овие прашања не беше испратен до Цивилмедиа.

Цивилмедиа ќе продолжи да ги бара одговорите преку други законски механизми за транспарентност на институциите.

Петрит Сарачини

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ