• Latest

Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

January 12, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

January 12, 2022 10:26
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Експерт за безбедност и универзитетски професор во пензија, Проф. д-р Иван Бабановски зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот. Разговорот со Проф. Бабановски е дел од активностите на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

Ова е кванташ, знаете како функционира кванташ, ние немаме увид што се се продава на овој терен. Ќе ви кажам три примери.

Кажете ни како влегува оружјето, кој  го купува, кој го продава, како и каде се движи?

Прво, во 1997 година, во март месец, за 51 секунда се распадна државата Република Албанија и 600.000 калашникови беа изнесени од воените магацини, 3 илјади тони ТНТ класичен експлозив преку една бугарска фирма беа извезени во Ирак кога беше Садам Хусеин на власт. Три илјади тони беа извезени, меѓутоа колку илјади тони беа разнесени и разграбани низ светот не се знае.

Каква е состојбата овде во нашата земја?

Никој не знае колку кратки цевки (пиштоли) и ракетни фрлачи се продадени преку наш терен.

Второ, на 6 ноември 1991 година во Скопје дојде (Жељко Ражнатовиќ) – Аркан (водач на паравоената формација „Српска доброволна гарда“, и донесе два шлепера оружје. Му гостуваше на тогашниот министер за внатрешни работи, Јордан Мијалков, јас му бев советник. Во тоа време не бев во тоа друштво, не седев со нив во Холидеј Ин, тогашен Гранд Хотел, туку бев на посета 11 дена во една голема фирма „Теранегра“ во Холандија.

Каде е денес тоа оружје, после толку години?

Аркан го донесе оружјето, беше гостин на Доне (Таневски), директор на „Македонијатурист“, потоа го присвои ХолидејИн.

Мијалков, Доне, Горѓе Наумов, министерот за правда и Раде Перишиќ, кој беше во вонбрачна врска со сестрата на Јелцин (поранешниот руски претседател Борис Јелцин), а тој заедно со Аркан го донесе оружјето овдека. Тоа оружје заврши на Пелистер под контрола на Црномаров (тогашен началник на СВР-Битола – Димитар Црномаров), и до денеска на тоа никој не даде одговор што се случи.

Имаше некои акции за собирање на оружје во тоа време?

Таа акција се викаше „Килибарна лисица“ така ја нарекоа од УНПРОФОР, а јас се мајтапев затоа што успеаја во ова подрачје ако отидеш на Бит-Пазар на секого кога ќе му брцнеш во џеб ќе најдеш некое парче оружје?

Зошто на Бит-Пазар, алудирате на национална основа?

Не, тоа ми е како фраза, инаку најголеми шверцери на оружје не се Албанците како што се мисли, тука има неколку Македонци кои (функционираат) која партија е на власт.

Како државата го превенира тоа?

Оружјето што беше трансферирано на Пелистер, преку еден мој близок соработник дознав дека се вклучија некои структури од полиција во крчмење на тоа оружје и во Кравари во една оперативна акција беа евидентирани 42 сандаци со муниција за долги цевки (калашникови), голем дел за кратки цевки (пиштоли), золи, тешки митролези…

Која им беше намената за паравојска или за шверц?

Еден дел од оружјето, човекот со син му од с. Кравари (Битола) го носи кон Скопје, во таа акција беа вклучени мои студенти од тогашната Служба за државна безбедност (СДБ), и го следат се до наплатната рампа кај езерото „Младост“ (Велес), и тука вршат реализација и го застануваат, а притоа цело време снимаат со камери, и му го зимаат целиот тој голем арсенал оружје што беше во комбето, а син му возеше напред со мерцедес и му го чистеше патот, кај што имаше полициски патроли застануваше да ги прашуваше нешто, а овој со комбето ги поминуваше и така беше се добро уиграно.

Јас го прашувам, не сакам сега да го именувам, тогашен мој студент, шеф на СДБ – Битола, ‘добро бе кој ве учел кога сте оделе од Кравари накај Скопје зошто сте ги апселе на рампата кај езеро „Младост“, зошто не сте чекале да го однесе оружјето и кај што ќе го предаде да се уапсат и тие луѓе. Тој ми вели знаете професоре…, не, не велам ова говори дека и вие бевте вклучени во таа акција.

Дали денеска може да зборуваме дека постои мафија за оружје тука во Македонија?

Да довршам, откако го осудија овој на 11 години, а син му на 5 години затвор, јас му правев некои погодности за да допреме до оној кој требаше да го прими. Тој ми вели – професоре многу си умен, професионалец си, ама ако ти кажам ќе ми отиде и мојата глава и главите на мојата фамилија.

обработка на текст: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Погледите, размислувањата и ставовите изразени во оваа содржина се личен став на авторот/соговорникот и не нужно ги отсликуваат ставовите и позициите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, како ни на било кој друг ентитет поврзан со ЦИВИЛ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ